Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.04.2017, 07:30

СО ПОП-ПЕЈАЧКАТА НАТАША МАЛИНКОВА ЗА ОМИЛЕНИОТ ПРАЗНИК

За Велигден сум најдотерана по дома

За поп-пејачката Наташа Малинкова од Кавадарци, Велигден е уште еден од оние големи христијански празници кога задолжително мора да се собере целото семејство на купче.

"Се сеќавам, со баба ми станував рано, пред изгрејсонце, да ја гледам како ги бојадисува велигденските јајца. Украсувавме многу низ дома со украси и со јајца. Одевме во црква, а потоа кај роднини да си го честитаме Воскресение Христово и собиравме многу јајца, се радувавме многу како деца. Во истиот тој дух сега ги воспитувам и моите две ќерки Султана и Емилија. И тие сега, како и јас како дете, стануваат со мене рано за да ме гледаат како бојадисувам јајца", ни раскажа Наташа.
"Сите жени од моето семејство се секогаш дотерани и средни за Велигден, а таа традиција ја почитувам и јас. За Велигден сум најдотерана по дома", додава Малинкова.
Интересен момент за неа бил оној старински начин на подготовка на јајцата за бојадисување. "Во искинати парчиња од тенки хулахопки, мајка ми и баба ми ги ставаа јајцата и им додаваа разни зелени ливчиња и гранчиња, па кога јајцата ќе се бојадисаа, во тоа време со броќ, така се викаше коренчето што пушташе црвена боја, излегуваа многу интересни шари", се сеќава Наташа, и вели дека славењето потоа траело три дена.
"Се трудам истите традиционални моменти да ги користам и во денешното подготвување и славење на празникот, барем оние основните традиционални ритуали да им ги пренесам на моите деца. Тоа е многу важно. Децата да останат воспитани во еден таков дух и да не ги изгубат вистинските духовни вредности", ни раскажа Малинкова.
По нејзините претходни песни "Само мој" и "Грешка", таа подготвува
нов сингл со спот, кои ќе ги промовира во мај.
"Нешто интересно што правам во периодов се кавер верзии на мои и странски песни, поддржани со видеа, заедно со мојот долгогодишен соработник Столе Аврамов", додаде Малинкова. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 3411 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter