Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.04.2017, 13:50

ДВЕ ГОДИНИ НИКОЈ НЕ ГИ ПОПРАВА ДАКТИЛНИТЕ ПАТЕКИ

Од патеките за слепи се сопнуваат и луѓето со добар вид

Од Министерството за труд уште еднаш најавија дека гумираните плочки ќе ги заменат до бетонски, но не кажуваат кога

Патеката за слепи, која од Домот на хуманитарни организации "Даре Џамбаз" води до плоштадот "Македонија", целосно е уништена. Гумираните плочки се искршени, извадени, а онаму каде што ги има, место залепени за бетонот, тие се кренати нагоре, па од нив се сопнуваат и луѓето со добар вид. Беа поставени пред две години, но стоеја цели само две недели, по што почна нивното уништување, па сега веќе има цели делови на кои нема ниту една плочка. Ги постави Министерството за труд и социјална политика, но ниту еднаш не ги поправи, иако неколкупати го најавуваше тоа. Лани, на почетокот на годината, од Министерството најавија дека ќе ги заменуваат гумираните плочки со бетонски за да се спречи уништувањето, но една години подоцна, искршените плочки сè уште стојат на патеката. Од Министерството и оваа година најавуваат обнова на патеката, но не кажуваат кога.



"Што се однесува до оштетените патеки во Скопје, како и активностите за подобрување на состојбите на слепите лица, Министерството, во соработка со здруженијата на слепи лица, ќе планира да ги замени, како и да ги постави на нови локации кои ќе бидат посочени до здруженијата. Министерството, во соработка со здруженијата на слепи лица, континуирано презема активности за олеснување на секојдневниот живот и функционирање на оваа категорија граѓани", велат од Министерството за труд и социјална политика.
Оттаму нагласуваат дека патеките, онака како што се замислени и конципирани, се функционални, а проблемот со оштетување и уништување е резултат на поединци кои ги оштетуваат или паркираат врз патеките. Токму затоа, од Министерството велат дека се преориентирале на поставување патеки од бетон, кои имаат подолг рок на употреба и не се подложни на оштетување како гумираните. Такви патеки веќе се поставени во Дојран и во Битола.


Текстот е прочитан 1092 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter