Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.02.2017, 12:50

Први подготовки за тројца играчи: Имаме што и од кого да научиме

Вардар покрај на искуство, од секогаш се потпирал и на младост, на фудбалери кои што треба да бидат иднината на клубот, да му носат успеси во времињата кои доаѓаа на црвнео-црниотт тим.

Токму од тука речиси секојдневно можеме да видиме и неколку играчи од младинската школа да бидат вклучени во работата на Вардар.

На подготовките во Анталија, црвено-црнитее имаат во своите редови и четворица играчи од младинскиот погон, од кои што на тројца им се први подготовки воопшто од ваков карактер во нивните кариери. Станува збор за Есмин Личина кој што беше на подготовки со екипата и минатата зима како и изминатото лето, меѓутоа за Виктор Димков, Филип Стојчевски и Бојан Колевски ова се дебитантскии подготовки со сениорска екипа.

Димков е дел од фудбалската школа на Вардар. Тој настапуваше за помладите категории на екипата, а оваа сезона е дел од младинската екипа на црвено-црнитее. Играше во Лигата на шампионите против Салцбург, и сега има можност да биде дел од сениорската екипа.

Чувството е прекрасно. Тоа е сон на секој фудбалер да биде дел од првата екипа на Вардар, каде што ќе има шанса да се докажува. Ние помладите имаме од кого да научиме. Почнувајќи од тренерите кои што биле репрезентативци во свое време и играле за големи клубови, па се до играчите кои што исто така се актуелни членови на националните тимови, фудбалери кои што играле во силна класа на тимови и кои што секојдневно ни даваат совети на нас младите како треба за да се стекнеме со искуствоо, рече Димков.

Бојан Колевски оваа зима се пресели во Вардар од редовите на Металург. Станува збор за напаѓач кој што оваа година полни 17 години и е дел од младинските селекции на Македонија.



Одлично сум примен во екипата и од соиграчите. Секој ден учам некои нови работи од тренерите и од фудбалерите. Ова за мене е едно огромно искуство. Среќен сум што ја добив шансата дури да играм и да бидам стартер на дуелот со Стеауа. Имам мотиви да работам и да се наметнам кај стручниот штаб. Се надевам дека ќе ја добијам шансатаа, вели Колевски.

Од овие тројца се чини најголемо искуство со првиот тим има Филип Стојчевски. Тој е дел од Вардар низ текот на целата есенска полусезона, иако настапуваше и во младинскиот, па дури и во кадетскиот тим на црвено-црнитее. Сепак, играше и на официјални натпревари за Вардар и тоа беше стартер на натпреварот против Силекс во Кратово.

Јас сум дел од овој тим веќе неколку месеци, но ова се први подготовки за мене. Едно големо искуство за еден млад играч. Се работи максимално професионално, по два пати и сите како ние помладите така и поискусните играчи ги исполнуваме обврските. Ќе бидеме подготвени за пролетниот дел од сезоната, а на мене е да работам и да ја чекам шансата за настап. Одлично е чувството кога се игра и ќе се тренира со првиот тим на Вардарр, изјави Стојчевски.


Текстот е прочитан 655 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter