Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.02.2017, 13:51

ГРАДОТ ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

26,8 милиони денари за прскање против комарци

Првото прскање против комарци се планира во април

За дезинсекција на подрачјето на Градот, годинава ќе се потрошат 26.824.456,00 денари. Толку средства градските власти предвидеа за уништувањето на возрасни форми комарци и на ларви од комарци.
"Прскањето и годинава е предвидено да се врши во пет наврати, но и повеќе, доколку се утврди дека има потреба. За 26,8 милиони денари, фирмата која ќе биде избрана на тендер ќе треба да го набави средството за уништување комарци, да изврши авионска апликација на средството, а веднаш по авионската, и теристика, односно апликација од земја на средството", велат од Град Скопје.



Првото прскање, доколку нема дождови, треба да биде во текот на април, а последното е планирано за октомври. Со прскање се опфаќаат сите стоечки водни површини во градот и во неговата околина, канали, езерцата во Градски парк, езеро Треска и текот на реката Вардар.
За избор на фирма која ќе врши дезинфекција во тек е оглас на електронскиот систем за јавни набавки. Заинтересираните фирми имаат рок за доставување на понудите до 20 март. Истиот ден во 12 часот, во одделението за јавни набавки на Град Скопје ќе се одржи и јавното отворање на пристигнатите понуди.


Текстот е прочитан 699 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter