Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.03.2017, 13:40

КРАТКИОТ ФИЛМ "КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО" СО СВЕТСКА ПРЕМИЕРА ВО КОЛОРАДО

Новиот краток филм на Манчевски премиерно во Аспен

"Крајот на времето", нов експериментален краток филм на режисерот Милчо Манчевски, кубанско-американска копродукција, ќе има светска премиера во официјалната селекција за награди на филмскиот фестивал "Аспен шортфест 2017" во САД, објавија организаторите.

"Крајот на времето" е опишан како експериментален филм "за оној хипнотизирачки миг во еден обичен, скромен вторник кога човек сфаќа дека времето запрело и светот е вшмукан во една единствена насмевка".
"Филмот може комотно да се претстави во музеј или во галерија наместо во киносала. Во него продолжувам да ја истражувам крстосницата каде што вистината и прикаската се вкрстуваат, се преклопуваат и се судираат; овој пат на минималистички начин", вели Манчевски.
Филмот е снимен во Сан Антонио де лос Бањос на Куба, а постпродукцијата - во Њујорк и во Македонија. Ова е една од првите американско-кубански копродукции, која започна пред неодамнешното затоплување на односите меѓу двете земји.
Директор на фотографија е Ален Лопез Мартинез, монтажер Кристина Поженел, автор на музиката и тонскиот дизајн - Игор Василев-Новоградска, визуелните ефекти се на Мишо Ристов и на Рекс, а колор грејдингот на Мајкл Двас.
"Аспен" во Колорадо се смета за еден од најреномираните фестивали на краткометражен филм во светот кои се квалификуваат за наградата Оскар. Фестивалот се одржува од 4 до 9 април. (К.Р.)


Текстот е прочитан 426 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter