Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.03.2017, 13:22

ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ГО НАЈАВИ КОНЦЕРТОТ СО СЛОВЕНЕЧКИОТ ВОЕН ОРКЕСТАР ВО СКОПЈЕ

Свирам на гитарата што прва ќе ми се насмее

Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски во Скопје ќе одржи концерт со Биг бенд оркестарот на словенечката војска, на 19 април од 20 часот, во "Метрополис арената".

На вчерашниот прес во Скопје, Влатко изјави дека ова е еден од концертите со кои особено се гордее.
"Кога прв пат добив покана да свирам со овој оркестар на Конгресниот плоштад во Љубљана, бев полн со предрасуди. Но кога дојдов на првата проба, оркестарот веднаш ме разоружа со своите подготвеност, професионалност и бев сосема фасциниран од звукот. Знам дека воен оркестар ве потсетува на марш и на чекорница, но верувајте ми, овие музичари се многу повеќе од тоа. Освен што звучат фантастично, изгледаат одлично на сцена. Облечени се во парадни униформи", најави Влатко на вчерашниот прес, на кој гостуваше и словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Јазбец.



"Гуру Влатко и јас имаме нешто заедничко. И тој и јас сме служеле војска во Штип. Јас ја имав таа чест да станам почесен граѓанин на Штип", изјави амбасадорот.
На дружењето со медиумите, Влатко раскажа на кој начин ја избира гитарата со која настапува на концерт, од многуте што ги има.
"Во секоја соба дома имам по една гитара. Едноставно, ја земам онаа што прва ќе ми се насмее", рече Стефановски.
Тој додаде дека на репертоарот за концертот ќе бидат аранжмани за џез-стандарди, инспирирани од традиционалната музика, но и неговите песни, меѓу кои и "Џипси сонг". Ќе ги слушнеме и "Јовано Јованке" и "Не си го продавај, Кољо, чифлигот", за која новиот аранжман го направил словенечкиот композитор и диригент Јоже Прившек пред многу години.
Концертот го организира "Баги комуникации". На 21 април, Влатко и словенечкиот воен оркестар ќе свират на концерт во Белград, во "Сава центар". (М.Џ.)

Фото: Б. Грданоски


Текстот е прочитан 1649 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter