Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 15:18

Авторот на извештајот на Херитиџ - импресиониран сум од економскиот напредок на Македонија

Амбасадорот Тери Милер, директор на Центарот за трговија и економија во американската Фондација Херитиџ и еден од авторите на неодамна објавениот извештај за економски слободи во светот вели дека напредокот на Република Македонија на нивниот индекс е неверојатен, особено ако се има предвид дека земјата економски напредува и покрај политичката криза. Македонија се искачи за 16 места во најновиот извештај и го достигна 31 место во светот, а 18. во Европа, со што се квалификуваше во категоријата економски главно слободни земји.

- Ова е тешко време за Македонија во моментов, барем за подобрување на економската слобода, кога имате политички провирања низ кои минувате и исто така имате бегалска криза на границата. Но, јас сум навистина импресиониран колку добра работа завршија македонската Влада и луѓето. Извештајот за Македонија во последниве години е навистина феноменален во однос на економски прогрес во споредба со останатите држави во Европа. За време на последните десетина години видовме зголемување за 10 поени во економските слободи во Македонија. Тоа е едноставно неверојатно во поглед на нашиот индекс. Имам многу надеж дека во иднина, штом ќе се разреши политичката криза, а не се сомневам дека тоа ќе се случи, ќе можете да одите напред и да продолжите да правите напредок, изјави Милер за Македонската Телевизија.

Извештајот ја пласираше Македонија како убедливо економски најслободна земја во регионот, 15-ина места над најблискиот конкурент од соседството. Извештајот на Херитиџ оценува колку државите успеале да го контролираат својот долг, да обезбедат ниски даноци и конкурентна регулатива за да овозможат развој на бизнисот и дали притоа ги почитувааат сопственичките права и владеењето на правото. Во сите овие категории Македонија постигна значителен напредок и се приближи на чекор до најдобро рангираните 30 држави во светот. Според Милер, една од причините за доброто рангирање на Македонија е држењето на долгот под контрола, на околу 38 проценти од бруто домашниот производ, додека државниот удел во економијата е околу 32,2 проценти.

- Подобрувањето доаѓа од неколку категории што се нови во нашиот индекс. Гледаме пошироко на корупцијата и владеењето на правото и тоа и помогна во одредена мера на Македонија во нејзиниот резултат. Исто така имаше значително подобрување поради добриот напредок што Македонија го направи во одржување на фискалното здравје на Владата и држење на дефицитот на ниско ниво, изјави Милер за Македонската Телевизија, додавајќи дека со вакви перформанси земјата се нашла во категорија на држави како што се Чешка, Австрија и Финска.

Експертот на фондацијата Херитиџ најави дека наскоро ќе дојде и во Македонија да го презентира извештајот и одблиску да се запознае со начинот на кој економските политики се поставени за да се овозможи повисоко ниво на економски слободи. Според Милер, добро е што Македонија успеала да привлече инвестиции од автомобилската индустрија, со цел да има поразновидна структура на својот извоз и на својата економија. Негови главни препораки за во иднина се да се продолжат структурните реформи на економијата, корупцијата и бирократијата да се држат под контрола и секако да се стави крај на политичката криза за државата да може да се фокусира на економијата.


Текстот е прочитан 305 пати.
#
Со Ивица Боцевски, македонскиот амбасадор во Бразил, за политиката и карневалите: Рио - најголемата журка во светот
Мијалков го демантира пратеникот на СДСМ: Зекири да се извини
Фич го потврди „ББ“ рејтингот на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Зекири донирал 180.000 денари за кампањата на СДСМ, а Туфекџиќ 118.000 денари
Охридско Езеро преживува
Заев за материјалите од ДУИ: Прифатливо се што е во рамки на Уставот
„Аџибадем Систина“ отвори поликлиника во Битола (ФОТО)
Субвенции од 31 милион денари за домашна документарна и играна програма
Нови 10.000 работни места со Оперативниот план за вработување за 2017

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter