Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.04.2017, 08:54

НЕРВНИ РАСТРОЈСТВА СЕ ШИРАТ МЕЃУ МЛАДИТЕ

Депресијата како вирус

АНКСИОЗНОСТА И ДЕПРЕСИЈАТА ЕПИДЕМИЧНО СЕ ШИРАТ МЕЃУ МЛАДИТЕ 

Животот им е бесмислен, агресивни се и напнати

Она што загрижува во последните години е сè поголемата застапеност на психички проблеми што се јавуваат кај младите од типот на губиток на смислата на животот, редукцијата на социјалниот нагон и преовладувачкото чувство на здодевност. Со овие зборови младите луѓе ги објаснуваат своите проблеми кога доаѓаат на психијатар, вели проф. д-р Владимир Ортаков, психијатар во клиничката болница "Аџибадем Систина". Тој, заедно со психолозите што ги контактиравме, се согласни дека постои тенденција сè помлади луѓе да имаат потреба од психотерапија и лекови, најчесто заради дијагнозата - анксиозност, панични напади или депресија. 

Имаат низок праг на толеранција и на фрустрации

Анксиозноста, паничните напади и депресијата се во голема мерка и сè повеќе и повеќе застапени. Истовремено, сè позастапени се и проблемите со нискиот праг на толеранција на фрустрации, или проблемите со контролата на агресивните импулси, вели Ортаков.
"Ваквата егзистенцијална 'невроза' е нешто што зема најизразен замав и станува јасно дека почнува да добива епидемиски карактер. Чувството на безидејност и бесперспективност генерира анксиозност и агресивност и така 'кругот' се затвора. Младите самоиницијативно бараат помош, без сугестии од родители или други членови на семејството. Се случува млади луѓе на 17 или 18-годишна возраст да се обратат за помош. Покрај факторите кои се однесуваат на проблемите во раниот психолошки развој на личноста, од сè поголемо значење се и дополнителните средински фактори, т.е. општествените фактори кои имаат фрустрирачко влијание во периодот на подоцните фази од детството и адолесценцијата, кои веќе ги спомнавме. Секако, постои нераскинлива поврзаност помеѓу едните и другите" појаснува Ортаков.
Според него, психотерапиите даваат резултати и тие во секој случај треба да се применуваат. Но, во голем број случаи, додава, потребно е да се делува со медикаментозна терапија, најчесто во комбинација со психотерапија.

Најмлада клиентка - 8 години

Во Центарот за применета психологија "Дора", најмладата клиентка, чии родители побарале советување имала 8 години, вели Дора Поповска, сопственик на центарот.
"Дефинитивно постои тенденција сè повеќе млади луѓе да посетуваат психолог. Дури би рекла дека најчестата возрасна граница е од 20 до 40 години. Тоа е добар показател оти сè повеќе расте свеста меѓу младите за ваквата потреба и општо потребата за личен развој, како и за работа на себе. Меѓу најчестите проблеми, поради кои младите се решаваат да побараат стручна психолошка помош, јас би ги вбројала љубовните и партнерските релации, поврзаноста со родителите, проблемот со осамостојувањето, проблемот со хроничната лутина или нервоза кој станува многу чест во последно време и ги нарушува односите речиси во секоја сфера од живеењето. Потоа чести се и фрустрациите поради кои не може да се задоволат одредени амбиции, како и анксиозноста и депресивноста", вели психологот Попова. 

Не се информирани за своето ментално здравје

Психологот Оливера Пандаревиќ, од Центарот за ран детски развој "Бонбончиња" во Битола потсетува дека адолесценцијата и младата зрелост се критични развојни фази за менталното здравје. На возраст од 12 до 26 години постои зголемена можност на проблеми и нарушувања во менталното здравје. Дури и релативно умерените ментално здравствени проблеми може да иницираат социјални, емоционални и когнитивни промени кои ќе имаат големо влијание во подоцнежниот живот.
"Неоспорно е дека младата популација не е доволно информирана за своето ментално здравје, за обраќање кај психолог за самопомош и за поддршка. Верувам дека ова се должи на табу столбовите на етикетирање, кои полека (но сигурно) се рушат. Потребен е национален акционен план за унапредување, заштита и рана интервенција за менталното здравје, особено во примарната здравствена заштита со цел унапредување на свеста кај младите како индивидуи на кои им треба 'дообработка' во секоја животна етапа со која се соочуваат".
Според неа, спектарот на нарушувања е широк и се должи на транзицијата и трансформацијата која ја живееме како модерно општество во однос на распределбата на социјалните, родовите и на семејните улоги и нивното дефинирање и израз.
"Притисокот кој младите го чувствуваат во општество кое брзо се менува, истовремено соочени со традиционалните догми, често резултира со психолошки проблеми кои се плод на способноста или неспособноста да се справат со таквите животни ситуации", додава Пандаревиќ.

А. Поповска

Да се смени матрицата на однесување

Психотерапијата е процес. Дава трајни резултати, бидејќи промената кај личноста е суштинска и длабока, но секогаш е избор на клиентот до каде би сакал да оди со длабочината на својот личен развој, вели психологот Дора Попова.
"Ова го напоменувам оти секој проблем поради кој се јавуваат клиентите е само симптом на некоја погрешно научена матрица на однесување која се провлекува во многу сфери на животот на личноста за кои таа отпрвин не е свесна. За трајно да го реши проблемот, личноста би требало да работи на промена на матрицата на однесување со цел да стане свесна како настанал проблемот и потоа да се прекине ланецот на ситуации во кои тој се појавува. Медикаментозната терапија се препорачува за психопатолошки состојби и нарушувања со клиничката слика во кои не може да помогне психотерапијата сама од себе", смета Попова.

ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО - КАМПАЊА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА"ДЕПРЕСИЈА: АЈДЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ"

За пет години бројот на болни пораснал за 37 отсто

За пет години за 37 отсто се зголемил бројот на пациенти со депресија во Македонија. Според податоците од Институтот за јавно здравје во 2010 година од депресија болнички биле лекувани 585 пациенти, од кои 196 мажи и 389 жени. Во 2015 година овој број се зголемил на 803 пациенти, од кои 257 мажи, а 546 жени. Д-р Шабан Мемети, директорот на Институтот за јавно здравје рече дека тоа практично значи оти бројот на лекувани пациенти во Македонија од депресија за пет години се зголемил за 37 проценти. Годинава одбележувањето на Светскиот ден на здравјето 7-ми април е посветен на превенција на оваа болест под мотото "Депресија: Ајде да разговараме!"
Д-р Мемети рече дека депресијата предизвикува ментална болка, влијае на луѓето и им ја намалува способноста за извршување на секојдневните едноставни задачи.
"Лицата кои боледуваат од депресија не можат да ги извршуваат своите професионални обврски и како последица на тоа се доведува во прашање нивната егзистенција. Во најлош случај депресијата може да доведе до самоубиство", рече Мемети.
Според Светската здравствена организација, од 2005 до 2015 година бројот на лица, кои живеат со депресија е зголемен за над 18 отсто. Проф.д-р Антони Новотни од Универзитетската клиника за психијатрија, кој е национален советник на СЗО за ментално здравје, рече дека депресијата е болест која се лекува и е втора причина за инвалидитет во светот.
"Секој петти човек развива симптоми на депресија, а 75 отсто од луѓето со голема депресија не се лекуваат. Четириесет милиони лица со депресивни нарушувања има во регионот Европа, а 128.000 годишно извршуваат самоубиство. Оваа болест доведува до самоубиство и е втора водечка причина за смртност во светот кај возрасна популација од 15-29 години веднаш по сообраќајните несреќи", рече Новотни.
Тој објасни дека меѓу причините за појава на депресија, покрај генетска предодреденост, се и надворешните фактори, како што се стресот, начинот на живот, општествените случувања. (Е.А.)


Текстот е прочитан 1385 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter