Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.03.2017, 15:48

Битолчанец со сукало си ја убил сопругата

СВР-Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против И.Д. (53) поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство“.

Според СВР-Битола, обвинитетиот делото го направил на крајно свиреп начин, со повеќе удари со тапо тврдо средство, најверојатно сукала кои ги имал дома, и и нанел на жртвата смртоносни повреди во пределот на главата.

И.Д. вчера во полиција пријавил дека околу 9:50 часот ја пронашол сопругата Емануела Д. (47) падната на подот во дневната соба, целосно облиена во крв во горниот дел од телото, особено во пределот на главата, без знаци на живот.

- Во присуство на Јавен обвинител извршен е увид при што е констатирано дека во дневната соба, без знаци на живот се наоѓа сега починатата Е.Д (47). Смрта ја констатира лекар од службата за итна медицинска помош, а јавниот обвинител нареди обдукција која е извршена во текот на денешниот ден, информира СВР.

Во станот на И.Д. и Е.Д., освен тековното, не се забележани растурања од евентуален упад на лица со материјален мотив за вршење кривично дело, што, според СВР, укажува дека во станот има предмети како лап- топ, компјутери, мобилни телефони и други материјални вредности.

- Крим-техника не констатира траги од насилно влегување во станот. Подигнати и испратени на вештачење во МВР се предмети и траги, како и комплетната облека на пријавениот на која се забележани прскотини од траги слични на крв во долниот дел на облеката, кои упатуваат и оставаат сомнеж дека тој се јавува како можен извршител на делото, наведува СВР.

Со службена информација се огласи и Основното јавно обвинителство кое до судија на Основниот суд достави предлог за определување мерка притвор против осомниченото чице за сторено кривично дело „Убиство“. Предлогот е доставен поради постоење основано сомнение дека на 13.03.2017 поради претходно нарушените меѓусебни односи, во дневната соба од заедничкиот дом, со вршење семејно насилство ја лишил од живот оштетената, неговата сопруга Е.М.Д. од Битола. Осомничениот со повеќе удари со тапо тврди средства, дрвени сукала, ја удирал по главата, нанесувајќи и повеќе повреди, од што настапил смртен исход.

Постапката по наведената кривична пријава е во тек.


Текстот е прочитан 2172 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter