Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.03.2017, 14:07

"АЅУРИТЕ" И НАТАМУ БЕЗ ПОРАЗ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА

Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија

Репрезентацијата на Италија го продолжи својот чудесен уникатен рекорд, откако ја совлада Албанија со 2:0 во петтото коло од квалификациите за СП 2018 во Русија, истата вечер кога Џиџи Буфон влезе во елитното друштво фудбалери со 1.000 одиграни натпревари во кариерата.

Почнувајќи од 1934 година, Италија никогаш не загубила на домашен терен во квалификациите за светските првенства, иако за тој период одигра дури 51 натпревар, на коишто постигна 131 гол, а прими само 24.
Четирикратниот светски првак има скор од 44 победи и само седум ремија и единствените селекции кои се вратија непоразени од Апенините беа Турција (1973), Грција (1981), Швајцарија (1992), Англија (1997), Ирска (2009), Ерменија (2013) и Шпанија (2016).
Големиот Џиџи Буфон ја зачува својата мрежа на 168. настап во репрезентативниот дрес, што е нов европски рекорд (ги надмина Икер Касиљас и Виталис Астафјевс), кога стана само 21. фудбалер во историјата кој ја достигнал магичната граница од 1.000 одиграни натпревари. Тој дебитираше во професионалниот фудбал како 17-годишник, на 19 ноември 1995 година, на мечот Парма-Милан.



На врвот на оваа листа се наоѓаат тројца голмани, при што рекордер е Питер Шилтон со 1.374 мечеви, пред Рожерио Сени (1.234) и Рој Клеменс (1.104). Следуваат Роберто Карлос, Хавиер Занети, Пет Џенингс, Тони Форд, Џалма Сантос, Алан Бел, Раул, Дејвид Симан, Паоло Малдини, Рајан Гигс, Грем Александер, Френк Лампард, Тими Симонс, Чави, Ноел Бејли, Дејвид Џејмс и Томи Хачинсон.

Прв бод за Андора по 58 порази

Фудбалерите на Андора ја прекинаа серијата од 58 порази на квалификациски натпревари, откако на домашен терен одиграа 0:0 со Фарски Острови.
Тие се радуваа за првпат од 3 септември 2005 година, кога одиграа без голови со Финска во квалификациите за СП 2006. Оттогаш, Андорците успеаја да постигнат само 11 гола, а примија дури 192. Ова, исто така, беше 100. официјален натпревар за нив, од кои само една е победа - против Македонија.


Текстот е прочитан 888 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter