Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.02.2017, 12:57

ИМПРЕСИВНИ БРОЈКИ ОД АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Во Мелбурн се испиле 150.000 кафиња и изеле 120.000 сладоледи

Додека светот ги слави рекордните 18 грендслем титули на Роже Федерер и уште поимпресивните 23 на Серена Вилијамс, организаторот на Австралија опен излезе со неверојатна статистика за тоа што се јадело, пиело и потрошило, како и за соборените рекорди на штотуку завршениот сто и петти грендслем во Мелбурн.

Преку 90.000 производи, 36.000 капчиња и 28.000 маички се купени во тениските продавници. Посетителите испиле 150.000 кафиња, изеле 30.000 суши пакети, 6,6 тони сендвичи со свинско, пола тон жолта туна, 10.000 рибни филети, 70.000 хот-дог сендвичи, 25.000 хамбургери и 120.000 сладоледи!
За начосите се потрошиле 1.300 кг компир и 1.800 кг свинско, како и повеќе од 2,5 тони говедско во сендвичите. Персоналот за кетеринг броел 9.279 вработени.
Фирмата "Јонекс" ја сменила жицата на 5.297 рекети користејќи 63 километри жица, а Серена Вилијамс дури 68 пати го испратила рекетот на затегнување.
Точно 380 собирачи на топки, меѓу кои и 23 двојки близнаци, беа ангажирани на Австралија Опен. Група од 250 возачи располагаше со флота од 130 возила на "Киа" за транспорт на играчите и официјалните лица, минувајќи преку 300.000 километри.
За првпат во историјата, бројот на посетители во првата недела ја надмина бројката од 500.000 илјади, дури 293 медиуми од 55 земји со 419 новинари и 182 фотографи известуваа за првиот грендслем во 2017, додека на ТВ-преносите работеа дури 1.308 телевизиски професионалци.



Најбрзиот регистриран сервис од 236 км/ч беше дело на Милош Раониќ, додека Иво Карловиќ постави апсолутен рекорд со отсервирани 119 асови. Кај жените најбрзиот сервис го имаше Серена Вилијамс со 198 км/ч.
Повеќе од 32.000 слики се објавени на интернет, што доведе до преку 300.000 контакти на Фејсбук и Твитер. На социјалните мрежи, бројот на посетители на профилите на турнирот достигна бројка од 4.019.332 луѓе.
На Јутјуб се забележани 9.175.000 прегледи, а омилено видео со 945.500 прегледи беше моментот кога Вавринка го погоди Клижан во препоните
Импресивините податоци на педантните домаќини потврдија дека Австралија Опен е омилен грендслем меѓу играчите, тренерите и публиката.


Текстот е прочитан 960 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter