Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.01.2017, 13:51

Здравје и убавина

Примена на пивото во кујната

Пивото се користи во разни техники во кујната, а ова се оние кои најчесто ги користиме при подготовка на месо.

1. Пржење

Пивото е главна состојка на пивското тесто, смеса слична на онаа за палачинки, со која се натопуваат разни продукти, па потоа се похуваат. Оваа смеса се состои од пиво, брашно и вода. Пивото овозможува побрзо и подобро месото да добие златножолта боја.

2. Гулаши

Пивото е одлична замена за вино, односно кога во кој било рецепт е потребно течност за редукција. Највкусен е говедскиот гулаш, а најчесто се избира појако пиво.
Во пилешки или рибини гулаши бирајте послабо пиво. Колку пивото повеќе го варите, неговиот вкус станува појак. Ако подготвувате јадење кое бара подолго варење и испарување на течноста, бидете внимателни во изборот на пиво - прејако и прегорко пиво може во целост да го преземат вкусот на вашето јадење.



Ако штетата веќе настанала и вашиот гулаш има горчлив вкус, обидете се да го избалансирате со додавање на кафен шеќер, мед или неколку капки лимон, варен морков и зачински билки.

3. Маринади

Маринадите се најлесен начин за употреба на пиво во кујна. За разлика од виното, пивото има помалку киселини, па може месото подолго време да го маринирате. Некои професионални готвачи маринираат јунешко во пиво дури и по неколку дена, со што се олеснува карамелизирањето на парчињата месо при пржење.
И за на крај важна напомена - немојте да готвите со пиво кое не го пиете.


Текстот е прочитан 3154 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter