Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.12.2016, 14:25

Здравје и убавина

Предновогодишна диета за убавина

Средете се набрзина за претстојните новогодишни празници. Место мрсна и калорична, јадете вкусна и здрава храна која е корисна за вашиот убав изглед.

Зеленчук, риба, масло и бадеми за младешка и сјајна кожа, месо, јајца и интегрални жита за бујна коса и јаки нокти. Секој продукт има своја улога во убавината и во здравјето на организмот.

Ситно овошје за мазна кожа

Тоа е црвено, но ви помага да го спречите црвенилото на кожата, првенствено на образите и на страните од носот. Станува збор за малини, капини, боровинки, рибизли и јагоди. Тоа овошје исклучително е делотворно, зашто е богато со витамин Ц, биофлавоноиди и со полифеноли. Витаминот Ц, што од црвеното овошје го има најмногу во јагодите, ги штити ѕидовите од капиларите благодарение на своето стимулирачко дејство врз составот на колагенот. Освен тоа, ја зголемува способноста на кожата и на косата да се приспособат на стресот. Заедно со витамините А и Е претставува дел од групата витамини кои секојдневно го чистат организмот од токсини и од слободните радикали, одговорни за стареењето на кожата. Полифенолите и биофлавоноидите не се витамини, туку микрохранливи состојки: првите првенствено дејствуваат против слободните радикали, а вторите се заслужни за капиларите. Не заборавајте, ако пушите, активно или пасивно, мора да земате витамин Ц во поголемо количество, зашто димот од цигарата уништува од 25 до 100 милиграми. Истото се препорачува и при долготрајното земање на контрацептивни пилули и на антибиотици, како и при зачестен замор и истоштеност.

Печурки и школки против стареење

Ги намалува брчките? Во школките се наоѓа селен, минерал кој дејствува како антиоксиданс: тој помага кај проблематичната кожа и го забавува стареењето, зашто кожата ја одржува еластична. Ако сте вегетаријанка? Не е важно, зашто со селен се богати и печурките, брокулите, кромидот и доматите. Но, зошто тие слободни радикали се толку штетни за убавината. Тие се формираат зависно од изложеноста на организмот на зрачење, штетни хемикалии, загаденоста на храната со разни пестициди и конзерванси - општо, од загадената животна околина, претераната изложеност на сончевите зраци и слично. Тоа се молекули на отпадот, кои како вистински распрскувачки мини, можат да ги нападнат сите клетки на организмот и да ги оштетат. Се смета дека секојдневно секоја клетка претрпува повеќе од 10.000 напади од слободните радикали. Последици на естетски план: сивкаста кожа без сјај, исушеност и појава на брчки.

Месо за здрави нокти

Повеќето аминокиселини се наоѓаат во месото, а и во рибите и во мешунките, но во намален процент. Ако сте вегетаријанка или од некоја друга причина не јадете месо, можеби ќе морате да земате дополнителни аминокиселини во облик на таблети или слично. Затоа, не прескокнувајте ги двата основни растителни извори кои може да ви помогнат да ги спасите ноктите: бадемите и смоквите. Тие се богати со магнезиум, кој врз себе го врзува кератинот, од чија густина зависи јачината на ноктите. Доволно е да изедете две смокви или 10 бадеми дневно, а да не го пречекорувате дневното калориско внесување.

Спанаќ за сјај на косата

Од кератинот зависи и јачината на косата, нејзиниот сјај и изглед. Истите продукти кои се корисни за ноктите, потребни се, значи, и за косата, но таа користа ќе ја извлече и од спанаќот и маслото, кои за ноктите не се важни. Спанаќот е познат по своето богатство со цинк (го има и во јајцата, јагнешкото, школките, печурките или во интегралната пченица): тоа е минерал што се наоѓа во црниот дроб, коските, забите и во репродуктивните органи, а неговиот недостиг во организмот ја прави косата тенка и подложна на пукање. Маслиновото масло, но и од семки, познати се по витаминот Е, што се наоѓа во нив. Неговите предности се толку големи што го нарекуваат витамин на младоста. Познат е како силен антиоксиданс и игра важна улога во спречувањето на срцевите заболувања. Ја подобрува циркулацијата и игра важна улога во забавувањето на процесот на стареење.

Морков за цврсти нокти

Морковите, но и тиквичките помагаат полесно да се воспостави "добар однос" со сонцето. Целото жолто, портокалово и темнозелено овошје и зеленчук, имено, се богат извор на жолтеникавиот пигмент бета-каротин, кој во организмот се претвора во витамин А. Двата се клучни во борбата против слободните радикали и ги уништуваат канцерогените материи. Витаминот А уште се наоѓа во млекото, путерот и во жолчката на јајцето и е мошне важен за зачувување на здравата кожа, коските, ноктите и забите. Важен е за создавање на имуноглобулинот (вид на одбранбени клетки), ги решава ноќното слепило и нарушувањата на кожата.


Текстот е прочитан 1373 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter