Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.12.2016, 14:06

Здравје и убавина

СОС совети во пресрет на Новогодишната ноќ

Регенератор наместо крем за бричење

Немате време за да отидете на депилација заради обврските. Лесно е, избричете ги нозете еден ден пред дочекот на Новата година. Но, доколку се бричите со обичен брич, а останете без крем за бричење, наместо тоа нанесете обичен регенератор за коса. Тој ќе ги омекне влакната и полесно ќе се избричите.

Пиво за сјај на коста

Плакнењето на косата со пиво и го враќа нејзиниот природен волумен, а кога ја плакнете со оцет и се враќа сјајот. Натопете ја косата со една од двете течности, држете ја неколку минути и потоа измијте ја. Ова направете го три дена пред Нова година за да и го вратите сјајот на коста, а потоа за новогодишната ноќ потрудете се да најдете време за на фризер. Ефектот од претходниот третман ќе биде видлив, па ќе имате сјајна коса за новогодишната ноќ. 

Коцка мраз за убавина

Експертите препорачуваат масирање на кожата на лицето со коцка мраз додека не се истопи. Направете го ова секоја вечер пред спиење и со тоа масните клетки, акните и брчките ќе ги држите под контрола. Потоа, на два дена пред Нова година направете домашен пилинг од жолто брашно со малку јогурт и маслиново масло. Откако ќе ја исчистите кожата, убаво измасирајте ја со хидрантен крем. Така ќе имате совршено подготвена кожа на лицето за шминката која треба да ја нанесете. 



Руменило на усните

Еден трик од висажистите за совршени усни. Руменило или сенка за очи како подлога за уста, ќе помогне карминот подолго да трае, не се размачкува и трае цела вечер. Исто е ако сакате да ставите сјај на усните наместо кармин. Вака не ќе мора цела вечер да одите во тоалетот и да проверувате дали ви стои карминот на усните. 

Природни облоги за подочниците

Компир на подочниците е еден од рецептите на нашите баби. Но, делува и ден-денес и има одличен ефект. Како да направите? Измијте го и излупете го компирот. Исечете две парчиња и по едно ставете на секое око. Оставете да делува 10 мин. Потоа деловите околу очите полека измијте ги со млака вода. Ова можете да го правите секој ден и ефектот ќе биде видлив. Но, во пресрет на дочекот на Нова година, ова е идеален СОС совет. 

Брзо отстранување на целулитот

Употребете кафе како пилинг. Кофеинот ќе ги стимулира клетките на кожата и ќе ги отстрани мртвите клетки. Ова ви доаѓа како брз третман, неколку дена пред дочекот, ако решите да носите краток фустан или здолниште во комбинација со проѕирни хулахопки.

Млеко за тело на лицето

Ако сте останале без средство за симнување на шминката, а немате време да купите ново, употребете млеко за тело, кое ќе ги отстрани сите остатоци, посебно маскарата. Потоа убаво измијте го лицето со млака вода и нанесете го кремот кој го користите вообичаено.

Интервенција на лакот за нокти

Пред лакирање, рабовите на ноктите намачкајте ги со маслиново масло, така полесно ќе се отстрани вишокот на лакот, кој ќе ви прејде преку замислените линии на ноктот кој го лакирате.
Ова е идеален совет за оние дами кои немаат време за да отидат на маникир. Со овој совет ќе имате совршено лакирани нокти. Бојата на лакот изберете ја според вашиот сил, но и според облеката која ќе ја носите вечерта.

Плускавци од новите чевли

Ако сте се подновиле со нов пар чевли и со нив сакате да ја дочекате Новата година, голема е веројатноста во текот на ноќта да имате проблем со плускавците. За да не го расипувате впечатокот, наместо да ги собувате или менувате чевлите, решете го проблемот уште од дома. Деловите на кои вообичаено ви се појавуваат плускавци намачкајте ги со вазелин и сте ја завршиле работата.

Тивка ноќ

Се ближи Нова година. Романтичен секс под светилките на елката може повторно да ве зближи со партнерот. Сè што треба е да уживате во звуците на божиќната песна "Тивка ноќ", додека имате секс под сијаличките на елката. Ако сакате да внесете доза на страст во сето ова, тогаш партнерката може да носи црвена долна облека. Уживајте.


Текстот е прочитан 1000 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter