Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.01.2017, 13:24

СНЕГОТ ГО ОДЛОЖИ РАСКИТУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ

Новогодишни украси меѓу мразулците и снегот

Раскитувањето зависи од временските услови, велат од Градот и најавуваат дека ќе почне кога ќе попушти мразот

Меѓу мразулците и снегот низ Скопје сè уште висат новогодишни украси. Снегот го помести и раскитувањето, кое, според договорот на Град Скопје со фирмата "Линк медија", требаше да почне на 15 јануари и да заврши до 25 јануари. Од Градот велат дека поместувањето на терминот е оправдано.
"Беше невозможно да почне раскитувањето поради снежните врнежи, а и сè уште е тешко изводливо поради мразот. Датумите за раскитување се дадени како ориентир, не се фиксни, бидејќи зависат од временските услови. Раскитувањето ќе почне кога ќе попушти мразот", велат од Град Скопје.



Покрај на плоштадот "Македонија", новогодишни украси има и на булеварите "Илинден", "Партизански одреди", "Гоце Делчев" и "Климент Охридски", на улиците "Даме Груев", "Димитрие Чуповски", "11 Октомври", "ВМРО", на улицата "Филип Втори" на потегот од раскрсницата кај Специјалната болница за хируршки болести "Свети Наум Охридски" до раскрсницата кај ТЦ "Мавровка". Украсен е и просторот пред Судска палата, во Старата чаршија пред националната галерија "Чифте амам", во паркот Жена-борец, плоштадот "ВМРО", просторот пред црквата "Света Богородица", плоштадот "Филип Втори" и улицата "Македонија".
Стојат новогодишните украси и во скопските општини, со исклучок на Општина Аеродром, каде што веќе неколку дена се собираат украсите од улиците. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 763 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter