Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.03.2017, 14:57

ВО ВИТЛЕЕМ, СПРОТИ ЅИДОТ ШТО ГИ ДЕЛИ ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА

Банкси отвори хотел "Најгрдиот поглед во светот"

ИЗРАЕЛ (Гардијан )- "Најгрдиот поглед во светот" е името на хотелот кој во Витлеем го отвори мистериозниот графити уметник и политички активист Банкси.

Хотелот се вика "Ворлд оф" што е игра со зборови и асоцијација на синџирот луксузни хотели Валдорф, а се наоѓа веднаш до ѕидот кој ги дели палестинските територии од Израел. Отворањето е најавено за 20 март.
Банкси во соопштението до медиумите вели дека од прозорците на вкупно десетте соби, низ кои минува сонце само 25 минути дневно, посетителите ќе ја сведочат најгрдата панорама на светот - еден долг и сив ѕид. Но тоа е и поентата на овој објект кој, истовремено, е музеј, галерија, протест и хотел спакувани во едно, со повеќе симболички пораки: да се пародизира индустријата на туризмот, да се актуализира и коментира вечното израелско-палестинско прашање и да се понуди алтернативно хотелско искуство.
Во претседателскиот апартман водата извира од чешма во форма на куршум, најевтините соби, кои чинат 30 долари за ноќ, се украсени со часовници на кои има нацртано стаорци, а креветите се од армиски бараки, над масите во ресторанот е закачена инсталација, на која има нацртано јагне како лежи покрај крволочен тигар, а собите се украсени со мурали со политички пораки.
Уметникот, кој е познат по тоа што со години успева да го скрие својот идентитет, првпат го посетил Витлеем пред една деценија, оставајќи серија слики на ѕидот, кои станаа, сами по себе, туристичка дестинација.


Текстот е прочитан 2351 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter