Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.02.2017, 11:36

13-години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Со положување цвеќе и оддавање почит пред споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски денеска беа одбележани 13 години од авионската несреќа кај Ротимље во близина на Мостар во која тој загина заедно со осумчлена делегација од неговиот кабинет.

На градските гробишта во Бутел во Алејата на великаните, членови на семејството на претседателот, делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, државни институции, политички партии, претставници на дипломатскиот кор и здруженија на граѓани положија цвеќе, а почит им беше оддадена и на членовите од Кабинетот на Трајковски кои загинаа во авионската несреќа.


Годишнината од смртта на претседателот Трајковски беше одбележана и пред платото на Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

Тринаесетгодишнината од смртта на поранешниот македонски претседател се одбележа и во Босна и Херцеговина каде македонска државна делегација заедно со претставници од Босна и Херцеговина положи венец во Ротимље на местото каде се урна претседателскиот авион.

Претседателот Борис Трајковски заедно со осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар загина во авионска несреќа на 26 февруари 2004 година.

За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на авионот-кингер, за тоа дали се случила авионска несреќа или било тероризамм, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.

И во двата извештаја, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на кингеротт се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.

На барање на Македонија, со поддршка од европратеникот Андреас Грос, по собирањето на дополнителните докази од страна на македонското МВР беше отворена нова истрага во јануари 2013 година која ја водеше Кулиќ.

Во првиот извештај како директна причина за падот на кингеротт се наведени процедурални грешки во приодот за слетување, по висина и по место, на аеродромот во Мостар, на контролиран лет. Во вториот се наведени и системските пропусти, а е објавен и транскриптот од црната кутија односно целиот разговор меѓу пилотите и разговорот со контролата на летање.

Седум постапки во текот на летот од страна на пилотите и пет системски грешки на надлежни институции во Македонија и во Босна и Херцеговина се причините за уривање на кингеротт, стои во новиот извештај што го презентираше Кулиќ.

Македонската страна во целост ги прифаќа наводите со дополнителни предлози кои се однесуваат на ВОР системот, самата процедура, барањето и спасувањето по падот на кингерот и формулацијата за пловидбеноста на воздухопловот. Но, за македонската страна е нејасно зошто е пренасочена локацијата каде да се бара авионот, иако Кулиќ вели дека контролорот на летање знаел каде е урнат авионот.

Сотир Костов, македонски претставник во Комисијата, изрази задоволство како е сработен извештајот во воздухопловниот дел, но рече дека во целост не се согласува со обесчестувањето на РМ во 2004 година на која и е скриена вистината за падот на кингеротт.

Во авионската несреќа покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.


Текстот е прочитан 663 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter