Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.01.2017, 13:35

КРАЛИЦАТА ГО НАГРАДИ СВЕТСКИОТ РЕКЕТ БРОЈ ЕДЕН

Енди Мареј стана сер на само 29 години

2016 дефинитивно е најдобрата година во животот на Енди Мареј откако за крај ја доби и витешката титула.

Само неколку недели откако изјави дека сè уште е премлад за вакво признание, кралицата Елизабета Втора му ја додели титулата сер, заедно со неколку други британски спортски ѕвезди, како атлетичарите Мо Фарах и Џесика Енис-Хил. Светскиот рекет број еден стана сер на само 29 години, најмлад во историјата.
- Се разбира дека сум среќен што титулата сер ќе стои пред моето име, иако ќе ми треба време да се навикнам на тоа. Сепак, јас сè уште се чувствувам како Енди Мареј, тоа ме прави нормален - изјави Мареј, кој ја дозна убавата вест на егзибицискиот турнир во Абу Дабу.
Тој, исто така, е првиот сер меѓу тенисерите и тоа е само круна на годината, која за него беше суперуспешна и на приватен и на професионален план. Прво стана татко, а потоа ги освои Вимблдон и златото на Олимписките игри во Рио, што беше вовед во искачувањето на првото место на АТП-листата, кое беше потврдено со триумфот на завршниот Мастерс во Лондон.


Текстот е прочитан 333 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter