Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.04.2017, 11:17

ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ ВЕЧЕРВА ИМА ПРЕМИЕРА НА "МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ"

Бајка со магионичарски ефекти

"Мачорот во чизми" е новата претстава на Театарот за деца и младинци, која премиерно ќе се изведе вечерва во 19 часот.

Драматург на бајката од Шарл Перо е Горјан Милошевски, а режисер е Игор Ивковиќ .
"Тргнавме од идејата што се случува ако го анализираме насловот 'Мачорот во чизми'. Дојдов до констатација дека ако се чизмите предмети, кога ќе ги обуе мачорот - треба да се случи чудо. Какво е тоа чудо што му се случува, сигурно е нешто необично што му дава посебна моќ. Во претставата доминираат магијата и илузијата, илуминацијата со светлина и бои, многу интерактивна и динамична приказна во која, верувам, ќе ужива секое дете", рече Ивковиќ на вчерашниот прес.
Улога на Мачорот Макс ќе ја игра Мартин Јорданоски , а во екипата се и Марија Ѓорѓијовска, Емра Куртишова, Мики Анчевски, Ана Левајковиќ - Бошков, Ненад Митевски, Винета Дамческа -Мојаноска и Владимир Лазовски.
За магијата во претставата е ангажиран илузионистот Гого Реквием (Георги Гавровски).
"Но ова не е магионичарско шоу, ова е бајка со магионичарски ефекти", рече илузионистот.
Музиката е на Виктор Апостоловски, кореограф е Валентино Апостоловски, а сценографијата и костимите се на Маре Трајковска - Стефаноска.

(Н.П.)


Текстот е прочитан 501 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter