Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.01.2017, 13:28

ЖЕРНОВСКИ И БОГДАНОВИЌ ВО ПОСЕТА НА ПУНКТОТ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ

Бездомниците засолнети од студот

Петмина бездомници моментално престојуваат во пунктот за згрижување, кој го отворија ЈП "Паркинзи на Општина Центар" и Општина Центар.

Во изминатите две недели, во пунктот биле згрижени осум луѓе. Бездомниците вчера ги посетија градоначалникот Андреј Жерновски и директорот на ЈП "ПОЦ" Саша Богдановиќ.
"Тука најдовме засолниште од студот, и ви благодариме бидејќи нè спасивте од сигурна смртт", вели едно од згрижените лица.
Освен засолниште, за нив се обезбедени топол оброк, пакети со храна за вечера и за појадок, топли напивки, ќебиња и топла облека. Просториите се затоплени, со чисти тоалети, а по потреба, за нив се грижат медицински лица.
"Освен кров над главата, овие луѓе немаат ништо друго. Дваесетина самохрани мајки, на кои им беа неопходни пелени, детска облека, постелнина, бебешка храна, добија пакети со сè што наведоа дека им е неопходно", велат од Општина Центар.



Жерновски и Богдановиќ уште еднаш упатија апел до надлежните да не забораваат на овие луѓе, да не ги остават на милост и немилост на студот, и да ги преземат сите можни чекори кои се во нивна надлежност за похуман однос и грижа за овие лица.
Својата хуманост ја покажаа повеќе организации и поединци кои донираа храна, а Богдановиќ и Жерновски ја издвоија и добрата соработка со Црвениот крст на Градот Скопје.
Од ЈП "ПОЦ", на социјално загрозените семејства кои имаат покрив над главата им однесоа помош во дрва, храна, облека и ќебиња.
"ПОЦ" и Општина Центар се погрижија и за уличните животни кои, исто така, се на удар на минусните температури. Изработени се четириесетина куќарки за животни, кои им беа поделени на граѓаните, а материјали за составување на вакви куќарки му се дадени и на здружението за заштита на животни "Анима мунди", информираат од Центар.
Сите граѓани или правни лица што сакаат да донираат помош, можат да добијат информации на телефоните 078/535-862 и 070/340-413.


Текстот е прочитан 1228 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter