Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 13:34

Фероџи: Решението на кризата е клучен услов за прогрес во евроинтеграцијата

Решението на политичката криза во Македонија е важно со цел земјата да може да продолжи со реформскиот процес, кој е клучен услов за натамошен прогрес на патот кон евроинтеграцијата. Уверен сум дека Македонија ќе најде решение базирано на Уставот и на принципите на функционалната демократија, вели директорот на италијанскиот Институт за меѓународни односи, амбасадорот Фердинандо Нели Фероџи кој денеска престојува во Македонија на покана на МНР.

- Запознаен сум со политичката криза која е сега во центарот на критичката дебата во Македонија. Останува на политичките партии пред се, и политичките сили во Македонија да најдат решение за политичката криза. ЕУ е заинтересирана за што поскоро решавање на кризата, истакнува Фероџи кој воедно се оградува од сугестии како тоа може да се постигне.

Тој нагласи дека и неговата земја има искуство со неброени политички кризи во однос на формирање влади. - Ние сме навикнати на такви кризи и сме ги надминале со решенија постигнати низ дијалог и трпение. Се надевам дека тоа ќе биде случај и во Македонија, истакнува, Фероџи, кој е поранешен амбасадор на Италија во Брисел и еврокомесар,.

Во врска со преговорите за интеграциите, ние, нагласува тој, сакаме да бидеме строги, но фер и да го почитуваме принципот на фер однос. - На еден или на друг начин, поради, би рекол субјективни причини, односот кон Република Македонија не беше многу фер. Но, тоа не значи дека ќе запреме тука. Тунелот е навистина многу долг, но на крајот има светлина, вели Фероџи кој во МНР одржа и предавање на тема „Европската унија како крстосница: Новите предизвици 60 години по потпишувањето на Римскиот договор, перспективите на Западен Балкан“.

Тој дава и коментар за изјавата на претседателот на ЕК Јункер дека нема да има проширување во време на неговиот мандат.

- Јас не сум политичар и можам да си дозволам да кажам дека мислам дека тоа беше грешка. Јасно беше дека ниту една земја нема да може да го заврши процесот на интегрирање во тие пет години, но начинот на кој тоа така брутално им беше најавено на земјите мислам дека беше погрешен. Неодамна и Европската Комисија претстави еден документ со пет можни сценарија за иднината на Европа, и во него не беше спомнато проширувањето, што исто така беше забележано. Јасно е дека доколку оставите вакуум во одреден простор, други земји ќе дојдат да го пополнат тој празен простор. Не би сакал сега да наведувам кои се тие земји, но мислам дека на сите ни е јасно кои се тие, изјави амбасадорот алудирајќи на можното ширење на влијанието на Руската Федерација на Балканот.

Според него, процесот на проширување е во сенка на низата внатрешни предизвици со кои е соочена Унијата како континуирано влијание од економската и финансиската криза од 2008, 2009 година, високаата стапна на невработеност и на јавниот долг во некои од земјите, проблемот на распоредување на мигрантите кои доаѓаат од земјите од Медитеранот и од Африка, безбедноста и внатрешната и надворешната, како и растечкото незадоволство кај јавноста во однос на проектот на ЕУ.

- Тоа се дел од причините поради кои станува тешко за ЕУ да ги имплементира своите обврски што ги презеде во 2003 година за целосна интеграција на земјите од Западен Балкан во евроструктурите. Се надевам дека штом ги решиме нашите проблеми, а сметам дека тоа ќе се случи многу брзо, ќе имаме можност да се навратиме на прашањето на проширувањето на Унијата со многу поотворен и конструктивен пристап, вели италијанскиот дипломат.

Запрашан за растечкиот евроскептицизам во земјите од регионот на Западен Балкан и особено во Македонија, Фероџи вели свесен е за растечката фрустрација поради недостатокот од прогрес во процесот на пристапување, но уверен е дека Унијата ќе биде во можност наскоро да ја промени ситуацијата.

- Мојата земја секогаш била целосно посветена на процесот на проширување и така и ќе продолжи. Италија ќе биде домаќин на следниот самит во рамки на Берлинскиот процес, кој се надевам ќе помогне во забрзување на процесот на евроинтеграции на земјите од Западен Балкан во европските структури, вели директорот на Италијанскиот институт за надворешни работи.

Во рамки на настанот беше потпишан и меморандум за разбирање и соработка меѓу македонскиот Институт за геостратешки истражувања и надворешна политика и италијанскиот Институт за надворешни работи од страна на директорите на институтите, Абдулкадар Мемеди и Фердинандо Нели Фероџи, а во фоајето на МНР беше презентирана и изложба на тема „Уште поблиска Унија“.


Текстот е прочитан 425 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter