Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 07:03

По објавувањето на врските со Сорос, американскиот конгресмен Франкс најави испитување на работата на амбасадата во Македонија

Американскиот конгресмен Трент Франкс, републиканец од Аризона, се приклучи на повиците од Конгресот и од Сенатот со критики до американската амбасада во Скопје за партизирање на парите кои биле давани на невладини организации блиски од фондацијата на Џорџ Сорос. Во изјава за Македонската Телевизија, Франкс вели дека се работи за сомнително финансирање на невладини организации кое амбасадата се уште не го објаснила и оправдала.

- Напорите кои ги правиме за да ги промовираме човековите слобода и
права и тоа се нешта во кои ние навистина веруваме. За критиките кои
што доаѓаат од вашата земја сме многу благодарни и ние сакаме да ги
продолжиме добрите односи со Македонија. Прашањата со кои се соочуваме се сомнителните финансирања на американската мисија, а се поврзани со организации на Џорџ Сорос, се спротивни од нормите и се во што верува Америка. Се обидовме да добиеме поддршка од американскиот Стејт Департмент и од Агенцијата за развој, за да дојдеме одговор на прашањето зошто се спроведува ова финансирање кои се спротивни од тоа што се најдобри интереси за Македонија и ја погазува америкаската политика во светот. САД секогаш застанува на страната на слободата и добрата волја и кога ќе видиме дека пари кои биле наменети за да се помогне на Македонија наместо да ги промовораат овие вредности одат на сметка на организации кои ја поддржуваат идејата на Џорџ Сорос и како тој го гледа светот, а неговите вредности не се слобода, неговите вредности газат врз човековите права, вели Франкс.

Претходно, шест конгресмени предводени од Кристофер Смит и сенаторот Мајк Ли слични повици до амбасадорот Џес Бејли да ја објасни одлуката за финансирање на крајно левичарски организации во Македонија.

Конгресмените најавија дека ќе спроведат истрага во амбасадата во Скопје и го повикаа Бејли да поднесе оставка, а Френкс се придружува кон овој повик, велејќи дека администрацијата на претседателот Барак Обама вовела пракса да дава пари за на неа сродни левичарски организации, спротивно на американските правила.

- Администрацијата на Обама воопшто не се грижеше за ова, но сега новата администрација навистина се грижи за овие прашања. Конгресмени и претставници на новата администрација ќе се погрижат парите од американската мисија во Македонија навистина им помогнат на граѓаните, да се употребат за одбрана на слободата и човековите права. До сега немаме добиено одговор од американската амбасада во Македонија, а тоа е загрижувачко прашање па ќе бидеме приморани да превземеме одредени мерки по однос на финансирањето, доколку сме сигурни дека тоа финансирање во суштина не и помага на Македонија, туку и одмага. Ние не сакаме да помагаме во финансирање на насилни протести кои би им наштетиле на граѓаните на Македонија. Сакаме да бидеме сигурни дека помошта која ја даваме без разлика дали е финансиска или дипломатска, помогне во слободата на граѓаните и нивните човекови права, додава Франкс во изјавата за Македонската Телевизија.

Според Франкс, проблемот е во тоа што Џорџ Сорос спроведува свои
надворешно-политички цели кои се спротивни на американската надворешна политика.

- Јасни се индикациити дека дел од парите одат на организациите на Џорџ Сорос, кои во никој случај не помагаат за каузата за човекови права и слободи. Сакаме да сме сигурни дека ќе го смениме тоа што е можно поскоро. Навистина сме загрижени за тоа што пари одат за организации поврзани со Џорџ Сорос веќе подолго време и тоа не се случува само во Македонија туку низ целиот свет. Џорџ Сорос е закоравен непријател на американските идеали за слобода веќе долго време, и за нас, да се поддржуваат организации кои газат врз американската политика и идејата за слобода и човекови права е страшно нарушување на напорите кои ги правиме. Или да се изразам уште подобро - американски пари да одат за организации поврзани со Џорџ Сорос значи да се погазат нашите американски идеали. Ние застануваме зад човековите права и слободи за сите подеднакво а Џорџ Сорос се покажа дека е непријател на американските идеали за човекови права и слободи. Ние не сакаме да гледаме како американски пари одат во таа насока. Со администрацијата на Обама тоа никогаш не беше проблем, воопшто не беше битно колку е левичарска организацијата што ја помагаат и како се уништуваат населби преку протести, како се гази врз граѓанското општество. Тоа за нив беше во ред. Но, со новата администрација мислам дека тие работи ќе се сменат па да видиме што можеме да направиме за начинот на кој се трошат американските долари. Сорос тоа го прави истото насекаде во светот, ја загрозува демократијата, но ние го следиме, знаеме кои се неговите планови и ќе му дадеме јасно до знаење дека ако сака да ги троши своите пари за да ја загрози слободата и човековите права, ние ќе бидеме тука да го потетиме што му прави на светот. Луѓето како Џорџ Сорос може да ги тиранизираат невините долго време, да финансираат организации кои се за тиранија наместо човечност, но на крај не успеваат добро да ги проценат луѓето. Убеден сум дека тоа е така и во неговиот случај, вели Франкс.

Франкс додава дека Македонија може да очекува поддршка од САД да ја зачува својата слбоода и демократија.


Текстот е прочитан 1555 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter