Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.12.2016, 12:59

ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО РАЗВИВА ТУРИЗМОТ ВО КАЊОНОТ

Милион денари за светло во пештерата Врело-Матка

Пештерата Врело е уредена, но не е осветлена за да ја постигне комплетната функција како туристичка атракција, потсетува градоначалникот Коце Трајановски

Градските советници ја одобрија одлуката на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски за финансиско учество во проектот за осветлување во пештерата Врело - Матка. За изведба на електричното осветление Градот ќе одвои еден милион денари. Вкупната вредност на проектот, кој е финансиски поддржан од Бирото за регионален развој, е 3,5 милиони денари.
"Пештерата Врело е уредена, но не е осветлена за да ја постигне комплетната функција како туристичка атракција. Град Скопје, неколку години наназад своите активности ги насочува кон ревитализација на кањонот Матка и пристап на посетителите до атрактивните спелеолошки објекти и севкупниот биодиверзитет со кој располага.



Изведбата на електричното осветление во пештерата Врело е од посебно значење за развој на туризмот во кањонот Матка, како дел од Скопје", образложува градоначалникот Трајановски за потребата од донесување ваква одлука.
Средствата ќе бидат префрлени на сметката на Центарот за развој на скопскиот плански регион, кој е носител на проектот.
Пештерата Врело досега делумно се осветлуваше со струја од агрегат, кој не овозможува посетителите да ја доживеат нејзината целосната убавина, оти голем дел е во мрак. Врело е сместена длабоко во кањонот Матка и до неа се стигнува само преку вода.


Текстот е прочитан 1086 пати.
#
Триесет кандидати се обучуваат за професионални пожарникари
Простор за 250 деца во градинката "Штркче"
Ќе се обновува Старата учителска школа
Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава
Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици
Паркот Нирнберг ќе се наводнува со автоматски прскалки
Скопје се чисти од новиот снег
Да се внимава на внатрешните инсталации
Скопјани се собраа во Мичурин за Василица
Без парно, на помош ќебиња и греалки

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter