Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.02.2017, 12:58

Јанкулоска повикана во СЈО, обвини за политичка пресметка

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска беше на распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Од обвинителството нема информација зошто таа е повторно повикана и за кој случај се работи.

По излегувањето од Специјалното обвинителство Јанкулоска не им кажа на новинарите зошто била повикана посочувајќи оти постапките се тајни и дека таква информација треба да бараат од оној што ги повикал пред СЈО.

Според Јанкулоска, СЈО нема кредибилтет за какви било постапки поврзани со правото, меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организациони делови на СДСМ, односно алатка во функција на СДСМ секогаш кога ним им е потребно да постигнат некоја цел.

- Во периодот на наближување на разрешницата на политичката криза на Зоран Заев му е потребна помош. Секогаш кога на Зоран Заев му е потребна помош тука е СЈО да излезат со нешто што тие ценат дека оди во прилог на опозицијата односно дека ги подобрува позициите на Зоран Заев. На граѓаните на Република Македонија повеќе од јасно им е дека ова е политичка пресметка со неистомислениците на СДСМ, со неистомислениците на Зоран Заев кој неодмна беше и фактички повторно аболициран од СЈО. Без разлика колку пати ќе повикуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ исходот односно впечатокот во јавноста и крајниот исход од постапките во јавноста не може да се смени, изјави Јанкулоска пред СЈО.


Текстот е прочитан 1065 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter