Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.12.2016, 13:31

ЈП "ПАРКИНЗИ ОПШТИНА ЦЕНТАР" ВОВЕДЕ ЗОНСКО И ВО ГРАДСКИ ПАРК

50 денари еден час паркирање кај стадион

Паркирањето за жителите на општина Центар ќе биде бесплатно, а деловните субјекти кои гравитираат околу стадионот ќе можат да извадат месечни картички кои чинат 1.500 денари

Од пред една недела почна да се наплатува паркирањето во парк околу арената "Филип Втори". ЈП "Паркинзи Општина Центар" воведе зонско паркирање и во овој дел од градот. Паркирањето чини 50 денари за еден час, а максималното време за паркирање е два часа. Од општинското претпријатие велат дека единствено со наплаќање за паркинг-место ќе се регулира хаосот што се создава секојдневно на тоа место, особено за време на јавни настани во Градски парк, на натпревари и слично.



"На овој дел има 110 паркинг-места. Паркирањето како и на останатите локации за жителите на општина Центар ќе биде бесплатно. Деловните субјекти кои гравитираат околу стадионот ќе можат да извадат месечни картички кои чинат 1.500 денари", велат од ЈП "Паркинзи Општина Центар".
Бесплатно паркирање ќе има само за жителите на Центар, а без надомест ќе се паркира и во сабота по 15 часот, како и во недела и за државни празници. (А.А.)
ФОТО: Д.Перковски


Текстот е прочитан 1574 пати.
#
Триесет кандидати се обучуваат за професионални пожарникари
Простор за 250 деца во градинката "Штркче"
Ќе се обновува Старата учителска школа
Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава
Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици
Паркот Нирнберг ќе се наводнува со автоматски прскалки
Скопје се чисти од новиот снег
Да се внимава на внатрешните инсталации
Скопјани се собраа во Мичурин за Василица
Без парно, на помош ќебиња и греалки

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter