Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.01.2017, 13:02

ПРОСЛАВА ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ЛЕГЕНДАТА ПРОЕСКИ

Деценија без Тоше со голем концерт и со албум

Да беше жив Тоше Проески, утре ќе наполнеше 36 години.

Тој една деценија не е меѓу нас, но и по толку години, многубројните фанови повторно организираат прослава за неговиот роденден. Денот на раѓањето на Тоше, 25 јануари, ќе се одбележи со изложба на досега необјавени фотографии со неговиот лик од неговите концерти и патувања, кои ќе бидат изложени во Спомен-куќата во Крушево. Посетителите на музејот за првпат ќе ја слушнат инструменталната верзија на песната "Никада", а, традиционално, планирана е и крводарителска акција.



"Се потрудивме да прикажеме пред фановите на Тоше нешто ново од неговото богато постхумно творештво. Се решивме тоа да биде изложба на необјавени фотографии и инструментална верзија на песната, а ќе организираме и крводарителска акција во просториите на музејот. Освен тоа, фондацијата активно работи на повеќе проекти, кои ќе бидат реализирани до крајот на годината. Деценија од неговото заминување ќе се одбележи и со албумот 'Тајно место', со досега необјавени песни. Продукцијата ќе биде на Енди Рајт. Планираме и голем концерт наречен 'Деценија без Тоше', на кој ќе се промовираат песните од новиот постхумен албум", вели Славен Ристески од фондацијата "Тоше Проески". Настанот е поддржан и од Министерството за култура.
Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981година. Живото го загуби во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, патувајќи за Загреб, Хрватска. (В.М.)


Текстот е прочитан 10933 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter