Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.03.2017, 11:05

Херитиџ ја обвини американската Амбасада во Македонија за туркање своја надворешна политика

Водечката американска конзервативна Фондација Херитиџ обвини дипломати останати од администрацијата на претседателот Барак Обама за злоупотреба на својaта положба за да туркаат паралелни политички цели и ја посочи Македонија како водечки ваков пример. Мајк Гонзалез, поранешен функционер на Стејт Департментот во времето на претседателот Буш, кој сега е експерт на Фондацијата Херитиџ, вели дека мешањето во внатрешните политички прашања на Македонија е само еден пример од широката дипломатска борба која се води внатре во американската администрација, како и со други заинтересирани држави.

- Малата балканска држава е симбол за војната која во Европа се води меѓу конзервативните партии, кои поддржуваат традиционални вредности и национален суверенитет, и партиите - честопати финансирани од левичарски милијардери - кои туркаат амбициозна агенда која вклучува транс-национални политики и левичарски ставови кон прашања како што е дрогата или сексуалната ориентација. Состојбите дополнително се комплицираат ако имаме предвид дека Кремљ веќе постојано се вклучува во равенката, без обзир дали се повикани или не да го сторат тоа, пишува Гонзалез. Текстот алудира на тековната борба во Вашингтон, меѓу новаtа администрација и кадрите оставени од администрацијата на претседателот Обама, велејќи дека слично двојство во водењето на политиката се случува и во Македонија.

Во текстот објавен во Дејли Сигнал - електронското списание на Фондацијата Херитиџ, Гонзалез го обвинува американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли дека покажал пристрасност во своето дејствување против конзервативната партија ВМРО-ДПМНЕ и ја помогнал СДСМ во формирањето на коалиција со етничките албански партии. Гонзалез посочува дека Бејли е соочен со повици од членови на Конгресот да го објасни своето финансирање на невладини организации поврзани со мрежата на левичарскиот милијардер Џорџ Сорос, и дека, незадоволни од одговорите, конгресмените покренаа истрага за работата на амбасадорот. Грантовите за организациите на Џорџ Сорос, за кои амбасадорот Бејли тврдел дека служеле за развој на демократијата, според Херитиџ бил искористен за трансформација на Македонија според левичарските погледи на светот на Сорос.

Фондацијата посочува дека партијата СДСМ, на која амбасадорот Бејли и помагал во изминатиот период, постигнала коалициски договор со повеќе албански партии, кој сега е блокиран од страна на претседтелот на државата, затоа што дел од коалицијата е и Тиранската платформа.

Според Херитиџ, состојбата е слична и во соседна Албанија, каде американскиот амбасадор именуван во времето на Обама, Доналд Лу, ја поддржува Социјалистичката Партија на Еди Рама наспроти конзервативната Демократска Партија. - Албанскиот премиер Еди Рама лично посредуваше во создавањето на Тиранската платформа. Рама е толку близок со Сорос што во 2013 година беше гостин на неговата свадба, пишува Гонзалез.

Херитиџ предупредува дека ваквото пристрасно однесување на дипломатите именувани од претседателот Обама во регионот довело до чувство кај конзервативните граѓани во Македонија и во други земји да почувствуваат дека се напуштени од САД, што пак Русија се обидува да го искористи со цел да ги придобие нивните симпатии.

- Кремљ и Путин опортунистички се обидуваат да се вмешаат во европската политика, наводно дури планирајќи атентат на премиерот на Црна Гора минатата година. Во Македонија, Русија се обиде да се претстави дека е на страната на ВМРО, партијата која освои најмногу гласови на изборите на 11 декември. Русија ги обвинијa Албанија, НАТО и Европската Унија дека се обидуваат да формираат про-албанска Влада во Македонија. Но, ВМРО не само што е далеку од поддржувач на политиките на Путин, туку беше и остана цврсто про-американска и про-НАТО партија. Но, американската дрска поддршка за активностите на Сорос и неговите левичарски политики ги вознемирува македонските граѓани со традиционални гледишта, пишува Гонзалез, цитирајќи разговор со американскиот автор Џејсо Мико, кој вели дека Македонците не ја мразат Америка, но се гневни на однесувањето на администрацијата на Обама.

Фондацијата Херитиџ, која веќе ја повика администрацијата на Доналд Трамп да го повлече амбасадорот Бејли, се смета за водечка конзервативна фондација во САД и за главен расадник на кадри во администрацијата на Трамп, која е во фаза на екипирање. Херитиџ неодамна високо ја пофали Македонија и за економските реформи спроведени во изминатите 10 години, давајќи ни го високото 31 место во својот индекс на економски слободи.


Текстот е прочитан 1093 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter