Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.01.2017, 14:21

Заврши третиот турнир „Еден живот - една љубов“

Во организација на Ракометната академија Вардар над 1.200 деца момчиња и девојчиња од повеќе градови од земјава во изминатите два викенда се натпреваруваа и покажа што научиле.

Солзи радосници, но и разочарани лица на финалињата од последниот ден на најмасовниот турнир од ваков вид во Македонија, зимскиот турнир на Вардар, „Еден живот, една љубов".

Поради големиот број на учесници турнирот се играше во два дела, првиот викенд навивавме за децата од генерациите 2000/01 и 2002/03, а овој викенд се играа мечевите во генерациите 2004/05, 2006/07 и 2008/09.



Вториот дел од турнирот „Еден живот една љубов" донесе возбудливи финалиња, со кои заврши овогодинешното издание на турнирот. Вкупно 88 екипи во машка и женска категорија, во генерациите 2004/05, 2006/07 и 2008/09 овие два дена, во четири сали во Скопје, двете сали во СЦ „Јане Сандански", и салите во СЦ Кале и во ОУ „Круме Кепевски", се натпреваруваа во ракомет и во мини ракомет.

Сите учесници во мини ракомет натпреварите добија медалји за учество на турнирот. Првиот ден на паркетот се натпреваруваа и дружеа децата од 2008/09 генерацијата, а денеска во фокусот беа девојчињата и момчињата од 2006/07 година.
За децата специјално изненадување беа ракометарките од Вардар, Андреа Човиќ, Барбара Лазовиќ и Тамара Мавсар, кои судеа на неколку натпревари и потоа поделија медалји за учество на дел од децата. Во оваа категорија натпреварите се играат ревијално и сите учесници се победници.



Во генерацијата 2004/05 се натпреваруваа 28 екипи, а најдобрите од нив дома си заминаа со медалји, пехари и поединечни признанија за најдобар стрелец, најдобар играч и најдобар голман.
Екипите беа поделени по групи каде се играше по принципот секој со секого, а најдобрите екипи од секоја група потоа разигруваа за што повисок пласман. Се играше во четири сали во Скопје, каде децата ги имаа сите услови за натпреварување.

Шампион во женска категорија е Кале Вардар, кој во финалниот натпревар беше за два гола подобар од Кастратовиќ Вардар 1 и победија со 19:17. Третото место го освои екипата на Ново Лисиче Вардар, која со резултат 15:4 беше подобра од Кастратовиќ Вардар 2.
Пехарот за најдобар стрелец го освои Бојана Коцева од Ново Лисиче Вардар, а најдобар играч е Сара Стефановска од Кале Вардар. Најдобар голман е Леа Христовска од Кастратовиќ Вардар 1.

Во оваа категорија се натпреваруваа 12 екипи и ова е нивниот пласман:
1. Кале Вардар
2. Кастратовиќ Вардар 1
3. Ново Лисиче Вардар
4. Кастратовиќ Вардар 2
5. Војнисон Вардар
6. Ангели Вардар
7. Асови Вардар
8. Вардар Виница
9. Будимир Вардар
10. Општина Кисела Вода Вардар
11. Вардар ДБ
12. Филип Вардар

 

Златото во машка категорија го освои Бисинов Вардар, откако во финалето го победи Гостивар Вардар со 21:12. На третото место се пласираше Илинден Вардар, кој беше подобар од Карпош Вардар и победи со 15:14.
За најдобар стрелец во оваа категорија е награден Иле Табаков, а најдобар играч е Давид Славевски, двајцата од Бисинов Вардар. Мартин Димитриевски од Гостивар Вардар е најдобар голман во оваа категорија.
Во оваа категорија се натпреваруваа 16 екипи и ова е нивниот пласман:
1. Бисинов Вардар
2. Гостивар Вардар
3. Илинден Вардар
4. Карпош Вардар
5. Ангели Вардар
6. Шампион Вардар
7. Филип Вардар
8. Виница Вардар
9. Урдаревски Вардар
10. Бутел Вардар
11. Вардар ДБ
12. Балтепе Вардар
13. Будимир Вардар
14. Драчево Вардар
15. Општина Кисела Вода Вардар
16. Асови Вардар


Текстот е прочитан 741 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter