Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.03.2017, 14:26

ТРАМП ГО ОБЈАВИ БУЏЕТОТ ЗА 2017

Големи кратења за нов правец на Америка

САД, 17 март - Белата куќа го претстави како што го нарече буџетот "Прво Америка" за федералната влада.

Предлогот на претседателот Трамп значи кратење за многу владини програми, меѓу кои и американската помош за странство, како и во Агенцијата одговорна за спроведување на регулативите за животната заштита.
Предвидените кратења во Стејт департментот изнесуваат 28 отсто.
Ако биде усвоен, тоа ќе значи целосно различен политички правец за САД под водство на новиот републикански претседател.
"Нема сомневање дека станува збор за моќен буџет. Тоа може да го очекуваат нашите пријатели, но и непријатели. Претседателот сакаше да се фокусираме на ваков буџет и мислам дека завршивме добра работа", изјави Мик Мулвани, директор од Канцеларијата за менаџмент и буџет во Белата куќа.

Јас сум жртва на медиумска кампања

Доналд Трамп смета дека е жртва на најмоќната кампања за дискредитирање од страна на американските медуми во историјата.
- Зборувам за исфабрикувани вести, кои се во огромен број. Медиумите мошне добро знаат што зборувам и што имам предвид, , изјави Трамп во интервју за "Фокс њуз" и како примери ги посочи весниците "Њујорк тајмс" и "Вашингтон пост" и телевизиите Си-Би-Ес, Ен-Би-Си и Си-Ен-Ен.


Текстот е прочитан 1253 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter