Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.03.2017, 13:53

ДИРЕКТОРИТЕ НА УЧИЛИШТАТА ОД ЦЕНТАР НА СОВЕТУВАЊЕ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Жерновски: Нема да дозволам инволвирање ученици во политички цели

Командирот на полициската станица Центар ги информирал директорите дека натписи на училиштата и агитирање внатре во школите е кривично дело

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, вчера ги повика директорите на 7-те основни општински училишта за да разговараат околу случувањата со провокативните и политички натписи кои се појавија на некои училишта. На училиштето "Гоце Делчев", кое е на територија на Центар, беше залепен плакат, на кој пишува "Парична казна од 5 000 евра за секој што не знае албански јазик".
На средбата бил и командирот на полициската станица Центар, кој им повторил на директорите дека поставување натписи на училиштата, како и агитирање внатре во школите претставува кривично дело. Тој им укажал дека кривично дело е и отстранувањето на плакатот, бидејќи со тоа се уништуваат и дел од доказите против сторителите.



Директорката на ООУ "Гоце Делчев" јасно посочила дека политичко агитирање е труење на децата и оти треба да биде најстрого санкционирано.
"Јас точно знам зошто е избрано училиште во Општина Центар, и зошто токму училиштето 'Гоце Делчев' каде што учат моите две деца, но сакам уште еднаш да повторам дека инволвирање на децата и на учениците за политички цели и интереси, во било кое училиште, нема да дозволам", вели Жерновски.
Полицијата презема мерки за откривање на оние што го поставиле плакатот, а во и околу училиштата од Општината најавија зголемено ниво на будност.


Текстот е прочитан 617 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter