Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.01.2017, 13:32

АМЕРИКАНКАТА ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ТРКИТЕ ВО АЛТЕНМАРКТ

Линдзи Вон викендов се враќа на патеките

Линдзи Вон може да се врати на патеките престојниов викенд, само два месеци откако беше подложена на операција поради скршеница на раката - информира спортскиот директор на скијачкиот тим на САД, Патрик Римл.

Тој додаде дека Вон се вратила на тренинзите во Колорадо и планира да отпатува за Австрија во текот на викендов, каде ќе може да учествува на спустот и трката во комбинацијата во Алтенмаркт.
Оваа информација ја потврди и Линдзи Вон.
- Напредувам. Тренингот во супер велеслалом помина добро, така што одам во Европа - напиша на својот Твитер профил поранешната светска шампионка.
Линдзи Вон големиот Кристален глобус во Светскиот куп го освојуваше четири пати - 2008, 2009, 2010 и 2012 година. Последен пат таа се натпреваруваше во февруари, ланската година.


Текстот е прочитан 336 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter