Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.04.2017, 12:59

ПОРАДИ ЗАБУНА НА СНИМАЊЕ НА ФОТОСЕСИЈАТА

Уапсени членовите на македонската музичка група "Балкан бенд"

Членовите на групата "Балкан бенд" пред неколку дена за малку ќе завршеле во полиција. Тие заминале на Зајчев рид, во близина на Скопје за да направат фотосесија, но заради војничките палта од случајни минувачи биле пријавени во полиција како терористи.

"За малку ќе бевме уапсени и ќе завршевме во полициска станица. Наскоро ќе ја промовираме нашата нова песна "Зависен" и заради тој проект сакавме да направиме необична фотосесија. Но, поради маскирните палта некој поминувал и не видел и не пријавил како терористи. Сега откако заврши, сe е многу смешно, но искрено не беше баш пријатно. Додека се местевме за снимање, одеднаш околу нас се создадоа еден куп полицајци со марици. И додека ние да се свестивме, бевме веќе обиколени. Настана една мешаница, кои сме и што сме и што правиме тука. Среќа многу брзо од една напната ситуација настана смеа. Кога ја видоа опремата за снимање и апаратите, ни кажаа дека сме биле пријавени како терористи и дека тие тргнале да ги ловат. На тоа сите слатко се изнасмеавме и се сликавме со нив", велат членовите на бендот.
Членовите на групата "Балкан бенд" по фотосесијата неделава ќе снимаат спот за песната "Зависен", зад која се запишани авторите Орце Лазаров, кој ја направи музиката, Борче Нечовски текстот и аранжман и продукција Дејан Момироски, во чие студио е и снимена. Песната и спотот ќе бидат промовирани по велигденските празници, а во видеозаписот, покрај членовите на бендот, ќе се појави и поранешната мис на Македонија, Емилија Розман. (В.М.)


Текстот е прочитан 7197 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter