Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.03.2017, 13:29

Тамара ја отпеа "Те сакам" од Лара Фабијан

Младата поп-пејачка Тамара Ангеловска ја промовираше својата најнова преработка, овој пат на песната "Је ттаиме" или "Те сакам" од белгиската пејачка Лара Фабијан.

Ова е нова преработка, повторно од мегапопуларен артист како Лара Фабијан, која важи за најдобар женски вокал во Белгија, и е неполн месец откако Тамара одлучи да го освои албанскиот пазар со евровизискиот хит "Сус" на Рона Нишлиу, за што самата Рона кажа дека тоа е најмоќната верзија на песната што некогаш ја слушнала.
Ангеловска ја направи преработката за песната "Је ттаиме" или "Те сакам" со својот веќе проверен тим. Музичкиот дел е дело на Иле Спасев, додека режијата и самото снимање на видеозаписот повторно им ги препушти на Џулијани и на неговата "Џубокс видеопродукција". За нејзиниот изглед и овој пат се погрижија стилистите од бутикот "Голден гарден" од Велес, кои за неа избраа прекрасен фустан од новата колекција.
"Полека ја подготвувам мојата трета студиска песна, која повторно ќе биде со светски призвук, додека што се однесува до преработките на песните, со мојот проверен тим веќе работам на следната. Еве, можам да откријам, следната ќе биде на руски јазик. Станува збор за една прекрасна песна и за автори кои сè уште е рано да ги откријам", вели Ангеловска.
Лара Фабијан е белгиско-канадска пејачка. Во својата кариера има продадено повеќе од 13 милиони албуми ширум целиот свет, а наедно е прогласена и за најпродаван женски артист на сите времиња во Белгија.


Текстот е прочитан 614 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter