Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.04.2017, 17:35

РАБОТНИЦИ ОД АЛБАНИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ БАЧИЛА

Овчари од увоз ни ги чуваат овците

Газдите на бачилата се во очај, бидејќи никој не сака да им ги чува овците. За оваа работа се увезуваат луѓе од Албанија, а домашните овчари во потрага по повисоки плати заминуваат во западните земји каде што работат тешка физичка работа.

Сопствениците на бачилата велат дека недостигот со овчари не се реши ниту со помошта од државата која ја субвенционира овчарската плата, ниту со зголемувањето на платата која ја добиваат овчарите, а се движи од 300 до 400 евра месечно.
"Од година в година се соочуваме со сè поголем недостиг на луѓе кои професионално и посветено ќе се грижат за стадата. Македонците кои се помлади одбиваат да работат, а сè помал е бројот и на средовечните кои прифаќаат да станат овчари. Единствен спас ни се овчарите од Албанија, но и нив можеме да ги ангажираме само на три месеци, бидејќи само толку може да престојуваат во земјава со нивниот пасош. По овој период мора да се вратат во Албанија, а нам ни се потребни 365 дена во годината", вели Тодор Мушев, претседател на Националниот совет на одгледувачи на овци.
Мушев вели дека до субвенциите за овчарска плата тешко се доаѓа, и бара од властите да бидат поригорозни во доделувањето на социјалната помош, бидејќи има лица кои се работоспособни, но бидејќи земаат социјална помош не сакаат да работат како овчари.
Од Министерството за земјоделство велат дека се запознати со сериозниот недостиг на овчари во Македонија и дека работат на негово решавање.
"Со програмата за рурален развој веќе неколку години по ред се субвенционира овчарската плата. Оваа субвенција е воведена токму за надминување на проблемот со недостигот на овчарите и за да се зголеми месечната плата која им се исплаќа на лицата кои ги чуваат овците. Парите се доделуваат по критериумот прв дојден прв услужен, а услов е на бачилото да има најмногу до 20 овчари. Предвидената годишна помош од државата е 300 илјади денари по овчар", ни рекоа вчера од Министерството за земјоделство.
Според најновата статистика, во Македонија има околу 9.500 стопанства кои се занимаваат со овчарство, а кои располагаат со вкупен фонд од околу 700.000 овци. За секоја овца се дава субвенција од 1.000 денари. (И. С.)

Субвенции за плата на овчарите

Според програмата за рурален развој, државата прави надомест на трошоците за платите на овчарите по принципот прв дојден прв услужен. Овие субвенции за традиционалното овчарство се неповратна финансиска поддршка. Висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник на мерката изнесува не повеќе од 300.000 денари по вработено лице.


Текстот е прочитан 1578 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter