Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.04.2017, 13:35

Јана Бурческа на промотивна евровизиска турнеја

Македонската евровизиска претставничка Јана Бурческа во моментов е на промотивна евровизиска турнеја. Јана, со македонската евровизиска делегација, во моментов е во Тел Авив, Израел.

"Прекрасна прес-конференција во Израел", се пофали Јана на својот инстаграм-профил.
Претходно, таа беше во Англија и настапи на евровизиска забава во Лондон, која се одржа во клубот "Кафе де Парис".
"Уште еден прекрасен ден во Лондон. Малку забава, па назад на промотивните активности", напиша Јана на својот фејсбук-профил.
По Израел, младата поп-пејачка патува за Амстердам.
Изборот на песна на Евровизија годинава ќе се одржи во Киев, од 9 до 13 мај, 62. година по ред. Јана ќе ја претставува Македонија со песната "Данце Алоне" и ќе настапи на 11 мај, во првата половина од второто полуфинале.



Песната ја напишаа повеќемина странски автори: Јоаким Персон, Алекс Омар, Флоренс А. и Боби-Леон Миланов, сите дел од "Симфоник интернационал", реномиран музички бренд кој низ годините има остварено значајни евровизиски успеси и соработки со светски познати музичари, како Кели Кларксон, Џон Леџенд, Кајли Миног, Леди Гага, Џамироквај. Истиот тим ја напиша ланската бугарска евровизиска песна "Иф Лове Њас а Цриме", на пејачката Поли, која во Стокхолм го освои четвртото место. Автори се и на годинашната српска евровизиска песна "Ин Тоо Дееп", на пејачката Тијана Бигичевиќ.
Дел од овие автори ја потпишаа и "Лисја есенски" на Даниел Кајмакоски, на Скопскиот фестивал и на Евросонг во Виена, во 2014 година.
Видеоспотот за "Данце Алоне" е работен според оригинална идеја и режија на младиот и талентиран режисер од Русија, Сергеј Железко, кој работи за "Бојана филм" во Софија, каде што и беше снимено видеото. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 1420 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter