Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.03.2017, 13:46

ОДРЖАНО ОСНОВАЧКОТО СОБРАНИЕ НА АКАДЕМИЈА БАЛКАНИКА ЕУРОПЕАНА

Македонија може да го европеизира Балканот

Жан Патрик Конард, претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, Јордан Плевнеш и Александар Прокопиев од Македонија, Јон Карамитру од Романија, Светлана Броз, Јасмила Жбанич, Градимир Гојер и Марина Финци од Босна, Владислав Бајац од Србија, Николас Виерс - Брисел, Бранислав Миќуновиќ - Црна Гора, Алек Попов, Христо Бојчев од Софија, Атанасис Вистонитис

од Атина и Башким Шеху и Васо Толе од Тирана се едни од најистакнатите автори на Балканот кои се потписници на Декларацијата, која новоформираната институција Академија Балканика Еуропеана, со седиште во Букурешт, ја испратија до Европскиот парламент, Европската комисија, Обединетите нации и до УНЕСКО.
Во Декларацијата се вели дека во време кога водечките европски нации се длабоко завлезени во своите внатрешни кризи, со што ја загрозуваат движечката историска сила на Европската Унија, постои можност и обврска за помалите држави на европскиот континент да се претворат во фактор кој ќе го носи факелот на европскиот историски прогрес. Големите автори од регионов велат: " Земјите од Југоисточна Европа, и особено Македонија, како вистински шампион на мултикултурализмот, имаат пресудна улога во европеизацијата на Балканот", и додаваат дека народите од овој регион имаат единствена заедничка аспирација - да станат дел на Европската фамилија на нации базирани на заеднички културни вредности, а не на економски и потрошувачки погубни логики и ривалитети. "Се обраќаме до сите европски институции и повикуваме на нова културна ренесанса. Повикуваме на јасни утврдувања на вредностите кои индивидуално и колективно сите ги поседуваме, а не на етнички поделби и платформи кои учествуваат во бирократските блокади, кои стануваат несовладливи пречки на индивидуалните човечки права и изградбата на вистинската и слободна политичка Европа", се вели во Декларацијата на Академија Балканика Еуропеана, која поддржува нова енергија во изградбата на Европската Унија, базирана на индивидуалните права на хуманизмот и културната ренесанса.
Академијата беше формирана во Скопје, на одбележувањето на 10-годишнината од Универзитетот ЕСРА, и во неа ќе членуваат 35 истакнати автори од 10 земји.


Текстот е прочитан 1183 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter