Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.01.2017, 13:30

КОРУНОВСКИ И ВАСКОВ СО ЗАЕДНИЧКА ИЗЛОЖБА ВО ВЕЛЕС

Слики и скулптури во еден проект

Во Ликовниот салон во Велес поставена е заедничката изложба на дела од скулпторот Ангел Коруновски и од сликарот Глигор Васков

Насловена е "Рефлексии на херметичноста", а авторите се претставуваат со 50-ина дела, преку едно оригинално, експериментално творештво. 
"Скулптурите на Ангел Коруновски и платната на Глигор Васков се генеза, сублимација на денешното време, конекција, флуид во мислата и интелектуалното, а различни во подрачјата на уметноста. Нивното десетгодишното дружење, размисли, набљудување, илузии, сомнежи, визии вродија со овој проект. Претставени се апстрактни претстави, преку строга геометриска знаковност и поредок, мултиплицирани структурни композиции", ја образложи изложбата промоторот Елица Николова, директор на Велешкиот народен музеј. Ова е проект кој Коруновски и Васков го работат десетина години наназад.
"Се пронајдовме случајно на некоја изложба пред 12-ина години, со слична естетика. Како автори имаме ист осет за убаво, сличен принцип на работа на делата. Се надевам дека проектот ќе трае долги години, ќе обработува тематика на чиста естетика. Мислам дека сме препознатливи по создадените дела. Работиме на апликација на нашите емоции", рече Коруновски. На тоа Васков додава оти нивниот концепт се базира на минимализам во делата, кои излегуваат од нивните емоции и нивниот внатрешен свет.
Изложбата ќе биде поставена до крајот на јануари.
(П.П.)


Текстот е прочитан 442 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter