Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.01.2017, 13:32

НА ФИЛИПИНИТЕ ПРИСТИГНУВААТ КАНДИДАТКИТЕ ЗА ИЗБОРОТ НА МИС УНИВЕРЗУМ 2017

Убави се, треба да докажат дека се и паметни

ФИЛИПИНИ - Тие, можеби, се познати по светкавите коси, совршената шминка и по секси облините, но овој пат кандидатките за мис универзум ќе мора да докажат дека се, истовремено, и убави и паметни.

Половина од речиси 90% од најубавите жени на светот почнаа да пристигнуваат во Манила на Филипините, пред изборот на мис универзум за 2017 година на 30 јануари. Се чини дека пред нив се неколку напорни недели. Прелиминарниот избор со дефиле во свечени тоалети, костими за капење и прашања ќе се одржи в недела, но тоа не значи дека подготовките не се во тек. Жени од десетици земји, меѓу кои Албанија, Ел Салвадор, Велика Британија и Хаити, веќе се подготвуваат за најважната недела во своите животи. Официјалниот фотограф на настанот постојано ги следи кандидатките и го евидентира долгиот процес на подготовка, од подготвувањето на фризурите, па сè до подготовката на креациите.
Настаните официјално ќе започнат на 18 јануари, со прием на кој кандидатките за мис универзум ќе се претстават пред јавноста. ВИП-гостите ќе пристигнуваат на розов килим и ќе уживаат во музиката на многу бендови, а најразлични луксузни автомобили ќе дефилираат со кандидатките во нив.



Во локалните ресторани ќе се организира гастрономски фестивал и ќе се одржат многу мултикултурни танци. По прелиминарниот круг, ќе се изберат 15 убавици што директно ќе учествуваат на натпреварот со костими истата вечер.
"Ен-би-си универзал" и Доналд Трамп беа косопственици на организацијата "Мис универзум" до преклани. Трамп ги навреди Латиноамериканците во своите изјави против имигрантите кога ја најави својата претседателска кампања. Тоа ја предизвика телевизиската мрежа "Унивижан" да се повлече од преносот на изборот, а "Ен-би-си" да ги прекине бизнис-врските со Трамп. Тој потоа ги тужеше двете компании. Во септември 2015 година, Трамп ја продаде организацијата, во која беа вклучени изборите на мис универзум, мис на САД и мис на САД за тинејџерки на компанијата "Даблју-ем-и-ај-ем-џи".
Ланска победничка е Филипинката Пија Алонзо Вурцбах, која ја освои круната по драматичен избор. По грешка, водителот Стив Харви, кој и годинава ќе го води шоуто, ја прогласи за прва придружничка наместо победничка, а првата придружничка, Колумбијката Аријадна Гутиерес Аревало, за победничка.
Ова ќе биде трето одржување на "Мис универзум" на Филипините, по 1974 и 1994 година. Изборот е втор по престижност во светот, по Мис на свет.


Текстот е прочитан 1241 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter