Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.03.2017, 18:14

РАСВЕТЛЕН СЛУЧАЈОТ СО СТРАНСКИОТ ВЕЛОСИПЕДИСТ КРАЈ МАВРОВО

Петмина го грабнале Британецот, двајца во бегство

А.Б (33), М.С. (36), А.Х. (30) од гостиварското село Симница, и уште две, засега непознати лица (машко и женско ) по кои се трага, се осомничени за грабнувањето на британскиот велосипедист на патот кај Маврово.

Како што соопштија од полицијата, против нив се поднесени кривични пријави поради сомнение дека сториле две кривични дела разбојништво и противправно лишување од слобода.
Од нив се одземени се три возила - "голф", "пасат" и "поло" и се испратени на вештачење, а пронајдени се и украдениот велосипед и дел од работите кои му биле одземени на Британецот.
Петтемина гостиварци, пред две недели , во попладневните часови, на паркинг на регионалниот пат Бунец - Маврови Анови го пресретнале Британецот О.М.Џ (32) и, откако му ги врзале рацете со јаже, му одзеле пари и кредитни картички. На пат кон Гостивар, грабнатиот странец успеал да се одврзе и да избега од возилото во кое бил со грабнувачите. По мобилен телефон се јавил кај свои пријатели, кои ја информирале нашата амбасада, а потоа и полицијата, по што била почната потрага по него. Наредниот ден по грабнувањето, велосипедистот бил пронајден од полициска патрола покрај патот кај сепарацијата во Гостивар. (П.А.Л.)


Текстот е прочитан 3107 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter