Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.03.2017, 13:19

ПРЕМИЕРЛИГАШИТЕ ПРЕД ПОТПИШУВАЊЕ НОВ ВИД СПОНЗОРСКИ ДОГОВОР

Клубовите ќе ги продаваат и ракавите од дресовите

Клубовите од Премиер лигата се пред потпишување историски договор, кој ќе им овозможи да стават реклами на ракавите од дресовите.

Ваква можност одамна постои во други европски лиги, но не и во Англија и ова би требало да се смени од почетокот на наредната сезона.
Притоа клубовите ќе имаат право да го "продадат" само десниот ракав, бидејќи левиот е резервиран за логото на Премиер лигата.
Како еден од најмоќните фудбалски клубови на светот, Манчестер јунајтед веќе почнал преговори со неколку компании, кои би се рекламирале исклучиво на ракавите. Се очекува еден ваков договор да му донесе приход од 15 милиони фунти. Јунајтед веќе собори рекорди на овој план, кога потпиша спонзорски договори со "Шевролет" и со "Адидас", кои се најскапи во историјата на фудбалот.
Од друга страна, неговиот градски ривал, Сити, веќе си обезбедил спонзор за ракавите, и тоа е компанијата за производство на гуми "Неџен", што ќе му донесе 12 милиони фунти годишно.


Текстот е прочитан 599 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter