Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.04.2017, 12:53

ОД ДЕНЕС ДО НЕДЕЛА ВО МЕТРОПОЛИС АРЕНАТА

Попусти до 70 отсто на Саемот за книга

Пристапни цени, попусти до 70 отсто на книгите и голем акцент на детската литература се најавува на 29. Меѓународен саем на книга, кој од денес до недела ќе се одржува во Метрополис арената.

Повеќе од 80 издавачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и од Шведска ќе понудат над 80 000 книги на простор од 4 000 квадратни метри.
" Саемот на книга е концентрација на домашни и на странски издавачи од регионот и нуди избор за сечиј вкус и за сечиј џеб - современа и класична литература, белетристика, научни изданија, учебници и енциклопедии, училишни помагала - понуда за секого и за сечија возраст. Покрај штандовското претставување на издавачите, ќе има и богата програма на промоции на нови дела и автори. Најавени се шеесетина промоции во седумте саемски дена, а ќе има и трибини и дебати", вели Сања Кондарко од Скопски саем.



Новина годинава е што изложбено-продажниот дел на Саемот е проширен и во втората хала, во која ќе биде претставена литературата за деца и млади и ќе има детско едукативно катче (игротека).
Скопски саем го организира Саемот на книга во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите на Македонија (ЗИКМ) и Здружението на албанските издавачи од Македонија.
Саемот на книга ќе биде отворен за посетители од 10 до 20 часот, билетот е 30 денари, а за организирани и групни посети по 20 денари.

(Б. Н.)
Фото: Д.Перковски


Текстот е прочитан 763 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter