Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.12.2016, 11:40

ВЕЧЕРВА ПРОМОЦИЈА НА "АНТОЛОГ"

Второ издание на "Гаргара" од Станојоски

Вечерва во 20 часот, во кафулето "Децата од нашата улица", издавачката куќа "Антолог" ќе го промовира второто издание на романот "Гаргара" од Игор Станојоски. Промотори се писатели Душко Крстевски и Оливера Ќорвезироска. Промоцијата оди со мото "Книга со вино за топла зима".

Во 2004 година, непосредно пред Портокаловата револуција, Орест, главниот лик во романот отвора подземно кафуле во западноукраинскиот град Лавов. Го нарекува "Гаргара", според името на кафулето што постоело во 1963 година на истото место. Старото кафуле во 1963 година исчезнало под неразјаснети околности. Од него останала само Книгата за пофалби и поплаки, која содржи два автобиографски расказа. Орест, заедно со неговата пријателка, тргнува во ризична потрага по авторите на расказите во Книгата за пофалби и поплаки и, истовремено, се обидува да го расветли мистериозното исчезнување на кафулето во 1963 година.
Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген, но поголемиот дел од животот го минува во татковината. Дипломира во Скопје на Филолошкиот факултет. Работел на универзитетите во Лавов (Украина), Катовице (Полска), во Брно (Чешка). Докторирал во Полска во 2009 година. Автор е на повеќе книги од областа на лингвистиката, како и на романите "Гаргара" (2014) и "Првиот универзитетски ден на мојата ќерка" (2016).


Текстот е прочитан 482 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter