Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 12:03

СПЕКТАКУЛАРНО ОТВОРАЊЕ НА 13. ИЗДАНИЕ НА „ТАНЦ ФЕСТ“

Скопје танцува во 3Д (Фото)

Француските танчари прексиноќа ја оставија македонската публика без зборови со перформансот "Пиксел", на отворањето на 13."Танц фест", во полниот салон на Македонскиот народен театар.

Спектакл, прекрасно доживување беа реакциите на гостите за претставата, која е спој на современ танц, на хип-хоп и на неверојатни 3Д ефекти.
Танчарите воодушевија со нивната пластичност на телата, со кореографијата која ја подготви светки познатиот Мурад Мерзуки.
"Во еден момент се почувствував како да гледам филм", коментираше, по завршувањето на претставата, една гостинка.
По еуфоричните стоечки овации за танчарите и за кореографот, тој од сцената направи самослик со публиката.
Претставата е во продукција на Националниот кореографски центар во Кретел и Вал-де-Марне, и важи за вистинска светска атракција.
Пред претставата, уметничката директорка на "Танц фест" Рисима Рисимкин $ ја врачи наградата "Менада" за особен придонес за развојот на танцот на примабалерината во пензија Јагода Сланева.
"'Танц фест' во Македонија доби во културата врвно место во 13-те години постоење, благодарејќи на неговата директорка Рисима Рисимкин, на разновидниот репертоар, на сето она што е ново, така што овој фестивал е веќе познат и за него има интерес и во Европа", изјави Сланева.
Мотото на Фестивалот, кој трае до 25 април, е "Биди свој", а ќе гостуваат уметници од Франција, Швајцарија, Кина, Словенија, од Латвија, Германија, Италија, од Холандија, Унгарија, Русија, Чешка и од Македонија.

(Н. П.)
Фото: Д.Перковски


Текстот е прочитан 914 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter