Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.01.2017, 13:33

СО ПОБЕДАТА НАД ЕНДИ МАРЕЈ

Ѓоковиќ го одбрани трофејот во Доха

Во првиот меѓусебен дуел во 2017 година, Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови го победи Енди Мареј во финалето на турнирот во Доха и го одбрани пехарот од минатата сезона.

Во меч кој траеше речиси три часа првиот сет го доби Ѓоковиќ со 6:3, возврати Мареј со 7:5 и успеа да спаси три меч топки на сервис на Новак при резултат 5:4, а во решавачкиот трет сет Србинот беше подобар со 6:4.
- Ова дефинитивно беше еден од најдобрите начини да ја почнам годината. До крај на меч, до последен удар, никогаш не можете да знаете што ќе биде против Енди. Не е чудно за двајцата што играме три сета и три часа. Тоа се физички битки. Ќе ни треба малку време да се опоравиме и подготвиме за Мелбурн. Да се победи овде, против најголемиот противник, е почеток на сезона од соништата - изјави Ѓоковиќ.
Ова беше прв пораз на Мареј по серија од 28 победи а 67 -ми трофеј за Ѓоковиќ. Срспкиот тенисер води во меѓусебните дуели со 25:11. Мареј ќе ја зголеми разликата на врвот на АТП листата бидејќи во 2016 година воопшто не играше во Доха, а Ѓоковиќ го одбрани тронот.


Текстот е прочитан 345 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter