Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.04.2017, 14:55

ЗА ТРИ ГОДИНИ ВО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1

Околу 2.000 осуденици побарале бришење на казна

Близу 2.000 осуденици за три години побарале да им се избришат осудите од добиената казна евидентирана во Основниот суд Скопје 1.

Според статистиката на најголемиот суд во земјава, за три години 1931 осуденик поднеле барање до Основниот суд Скопје 1 да им се избришат казните. Во 2014 година пристигнале вкупно 579 барања за бришење на нивните пресуди изречени по различни основи. Од нив судот решил 378, односно на толку осудени лица од вкупниот број поднесени барања им биле избришани казните. Во текот на 2015 година на адреса на Судот молби за бришење на осудите од казнената евиденција поднеле 606 лица. Од поднесените барања судот решил 578. Изминатава година до судот пристигнале 140 барања повеќе од 2015, односно вкупно 746 во која бројка се опфатени и неколку кои биле поднесени и минатата година. Од Основниот суд Скопје 1 појаснуваат дека од оние 1.712 поднесени молби кои биле решени во текот на три години, во најголемиот дел се прифатени и казните се избришани, односно најголемиот дел од осудените лица ги исполнувале условите за бришење на осудата од казнената евиденција. Рехабилитацијата или предвремениот престанок на казните што се состојат во забрани и на казната протерување странец од земјата, правни последици од осудата и бришење на осудата од казнената евиденција на осудено лице, може да настапат по сила на закон или врз основа на судска одлука. Согласно законот, лицето на кое му е избришана осудата ќе се смета за неосудувано, а податоците за бришаната осуда не се даваат никому.



Условните казни и оние со кои сторителот е ослободен од казна се бришат од казнената евиденција ако осудениот во рок од една година од денот на правосилноста на судската одлука не стори ново кривично дело. Осудата за парична казна и казна забрана за управување со моторно возило изречена како единствена казна, се брише од казнената евиденција откако ќе поминат три години од денот на извршената или застарената казна ако за тоа време осудениот не стори ново кривично дело. Осудите на затвор до три години се бришат од казнената евиденција кога ќе поминат пет години од денот на издржаност или застареност ако за тоа време осудениот не стори ново кривично дело. Судот може, на молба на осудениот, да определи да се брише од казнена евиденција осудата и казна од над три години до затворски казни од 20 години. За нив роковите за бришење се подолги. Повеќе осуди на исто лице можат да се бришат од казнената евиденција само ако постојат услови за бришење на секоја од тие осуди.
При одлучувањето за бришењето на осудата, Судот води сметка за поведението на осудениот по издржаната казна, за природата на кривичното дело и за другите околности што можат да бидат од значење за оцената за оправданоста на бришењето на осудата. Судијата што ќе биде определен за тоа претходно ќе испита дали изминало потребното време според законот, а потоа ќе ги изврши потребните увиди, ќе ги утврди фактите на кои се повикува барателот и ќе собере докази за сите околности што се важни за одлуката. За однесувањето на осудениот, судијата може да побара и извештај од судовите на чие подрачје осудениот престојувал по издржаната, простената или застарената главна казна, а може таков извештај да бара и од установата во која осудениот ја издржал казната. По спроведување на сите овие мерки и по испитувањето на јавниот обвинител, ако постапката се водела по негово барање, судијата ќе ја достави целокупната документација со образложен предлог, до судот надлежен за донесување решение по поднесеното барање. Судот претходно ќе треба да добие мислење од јавниот обвинител ако постапката се водела по негово барање кој постапува пред тој суд. Ако судот ја одбие молбата затоа што осудениот со своето однесување не заслужил бришење на осудата, осудениот може молбата да ја повтори по истекот на две години од денот на правосилноста на решението за одбивање на молбата. (К. Додевска)


Потребен е електронски систем за мерење на роковите

Според поголемиот дел од адвокатите преку кои осудените лица поднесуваат барање за бришење на осудата од казнена евиденција, на Основниот суд Скопје 1 му е потребен електронски систем кој ќе ги мери роковите кои се потребни за да се избрише казната и систем кој согласно законот по автоматизам ќе ги брише осудите. "Во судот пристигнуваат голем број барања за бришење на осудата, а за тоа е потребен систем или посебен модул кој ќе биде дел од АКМИС - електронскиот систем. Со тоа ќе се следат предметите, ќе се мерат роковите за застареност со оглед на фактот дека судовите по службена должност имаат обврска да ги бришат осудите за кои се исполнети условите. Сегашниот систем не дозволува вакво нешто заради големиот обем на предмети и за да се избрише некој казна, осудените мора да поднесуваат молба, а тоа најчесто го прават кога ќе им се јави потреба да добијат Уверение од казнената евиденција", појаснуваат дел од адвокатите. Со воведување на ваков систем, велат тие, ќе биде олеснет целиот процес за бришење на осудите како за странките, така и за судовите.






Текстот е прочитан 771 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter