Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.01.2017, 12:46

КОНЗЕРВИРАНО ОРУЖЈЕ ПРЕТСТАВЕНО ВО ВЕЛЕШКИОТ МУЗЕЈ

Изложени пушки од царска Русија и турски сабји

Ретки примероци на пушки произведени пред речиси два века, но и револвери, сабји, јатагани се изложени во велешкиот Народен музеј.

Станува збор за предмети од колекцијата на Музејот што изминативе години не биле изложени, ниту конзервирани.
Конзервацијата на екипата од Музејот на Македонија траеше повеќе месеци, а беа опфатени 30-ина предмети со кои располага оваа културна институција, оружје и војничка опрема.
"Повеќето ги изложивме, а дел оставивме, бидејќи се дел од ист производител, иста марка, само броевите се различни. Металното оружје што е изложено е од средината на 19 век, па до предмети употребувани во двете светски војни", вели Марин Клифов, виш кустос во велешкиот Музеј.



Поставката содржи примероци на оружје од Императорскиот тулски завод во Русија, голем и значен светски производител на оружје во светот, кој е основан во 1712 година, а работи и денес.
Најстарата пушка е од царска Русија, од 1839, има и руска еднометна пушка од 1880 година, потоа пушка "стаер малихер М 95" од австриско производство.
Во витрините се најдоа и сабја јатаган од турско време, потоа турска офицерска сабја, производство на прочуениот германски концерн "Солинген".
(П.П.)


Текстот е прочитан 495 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter