Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

18.03.2017, 08:42

ПАЛЕРМО ДОБИ НОВИ СОПСТВЕНИЦИ

Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски

"Еден лудак замина, друг лудак стигна во Палермо!" Ова е најчестиот наслов во италијанските весници за новиот наследник на Маурицио Зампарини, претседателот на Палермо кој си замина откако смени 40-мина тренери за 15 години.

Пол Бакаљини, новиот шеф на нашите фудбалски репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, има само 33 години. Татко му е Американец, а мајката му е Италијанка. Пред да се докаже во светот на бизнисот, овој живописен лик беше диџеј, ТВ-водител, манекен за долна облека, а се обиде да игра и кошарка во третата лига на Италија.
Има многу тетоважи, а последната, грбот на Палермо, ја направи во живо пред камери, непосредно пред да го преземе клубот.
Бакаљини сакаше да влезе во политиката со партијата Лимоново дрво и со нејзиното мото: "Секој Италијанец да добие по еден лимон", што во сленг значи: секој Италијанец да има повеќе секс.
- Ако останеме во Серија А, ќе се тетовирам на лицето, а претходно пред камери ќе изедам 20 сендвичи со слезина - беше необичното ветување на претседателот.
Во последните седум години, до овој ексцентричен лик секогаш стои манекенката од Бразил, Таиса Соуза Вигерс. Оваа убавица беше рамо до рамо со Адријана Лима и Наоми Кембел и се прослави како заштитно лице на италијанската сатирична програма заедно со Мелиса Сата, која сега е сопруга на Кевин Принц Боатенг.
Во овој период од својот живот, Таиса повеќе се соблекуваше на малите екрани, па многумина ја знаат како една од најпознатите стриптизети.


Текстот е прочитан 2693 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter