Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.04.2017, 06:55

МАКЕДОНИЈА СО СТРАНСКИ ГОСТИ ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ПРАЗНИЧЕН ВИКЕНД

Грци ќе кршат јајца во Охрид

На охридското крајбрежје за Велигден, сместувачките капацитети веќе се пополнуваат, а најбројни и годинава, како и лани, ќе бидат Грците и Бугарите.

"Околу 70 отсто од хотелските капацитети во Охрид и во Струга се резервирани, а не е помал интересот ни за сместување кај малите станоиздавачи. Охрид, со велигденските празници ќе ја отвори туристичката сезона за 2017 година", ни рече вчера Крсте Блажевски, претседател на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија (ХОТАМ).
Блажевски вели дека и за овој Велигден на охридското крајбрежје најмногу резервации има од Грците, кои во исто време со нас го празнуваат овој голем христијански празник.
"Очекуваме и гости од Бугарија, но ќе има и наши, домашни гости. Со Велигден почнува и доаѓањето на израелските туристи, кои во Охрид пристигнуваат со автобуси, откако авионски ќе слетаат на Аеродромот во Солун. Израелските туристи во Македонија остануваат по една недела. Ноќеваат на охридското крајбрежје, а преку ден ги разгледуваат останатите места од земјата", вели Блажевски.
Освен ноќевање, по повод прославата на Велигден, угостителите на туристите им нудат и свечена велигденска вечера со музика, вапсани јајца и разглед на градот.
"Вечерата почнува по полноќ в сабота, по враќањето од црква. На гостите им се нудат јагнешко печено и друга традиционална македонска храна", вели Блажевски.
На охридското крајбрежје за Велигден се очекуваат и гости од Албанија, посебно затоа што годинава и православен и католички Велигден се слават во ист ден. Покрај туристи од соседството, евидентно е зголемен интересот за сместувачките капацитети на брегот на Охридското Езеро и од туристи од подалечните дестинации како, на пример, Израел, Италија, Русија, Турција, Полска, Романија, но и од земјите од Далечниот Исток.
Туристичките агенции и бироа од Бугарија веќе најавија дека 280.000 Бугари ќе патуваат за викендите околу Велигден, а голем број ќе ги посетат Охрид и Македонија. (И. С.)

Македонците во странство

Македонците за годинешниот Велигден послабо ќе патуваат во странство. Според туристичките агенции, иако понудата беше богата, најголем е интересот за автобуските тури за Грција.
Годинава за прослава на Велигден се нудеше четиридневна комбинирана автобуска тура Виена - Братислава за 139 евра и петдневна тура Виена - Прага со автобус за 159 евра. Париз со авион врз база на 3 ноќевања со појадок чини 385 евра, а Велигден во Анталија со авион со 4 ноќевања и ол инклузив 299 евра. Се нуди и аранжман за прослава на Велигден на грчкиот остров Крф, кој има богата традиција во одбележувањето на овој христијански празник. Цената за четиридневен аранжман со автобус е 130 евра.
Изминатите неколку години најчеста дестинација на Македонците за Велигден беа грчките приморски градови и бугарските спа и скијачки центри, за каде што туристичките агенции нудеа поволни пакет-аранжмани.


Текстот е прочитан 1201 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter