Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.01.2017, 13:06

МАРТИНА ДИМОСКА ОД КИЧЕВО Е НАЈМЛАДАТА МЕНТОРКА ВО АМЕРИКАНСКАТА ВСЕЛЕНСКА АГЕНЦИЈА

Покрај ракетата Аполо, чувството е безвременско

Вложив многу за мојот сон да стане реалност. Како најмлад ментор носам со себе и тежина, но и предност. Свесна сум дека треба да го понудам своето знаење, но и да ги прифатам предизвиците, особено од поискусните од мене", вели Мартина

Мартина Димоска (22) од Кичево стана најмладата менторка во НАСА. Со нејзините дипломи по мехатроника, роботика и вградени системи на академијата "Њуменс бизнис-акцелератор", како и дипломата по аеронаутичко инженерство на универзитетот "Кент Стејт" во Охајо, таа е една од ретките со привилегија да минат викенд во НАСА. Уште повеќе и тоа што младата кичевчанка имала прилика да застане покрај вистинската ракета "скајлеб 2 аполо команд модул" со која Нил Армстронг слета на Месечината во 1973 година.
"Посетував катедра на реномирани професори, во Америка, меѓу кои беше и проф. доктор Бојд којшто ми предаваше обновливи извори на енергија и кој имал кариера како истражувач во НАСА во Кливленд, Охајо, па под негово раководство бев избрана да го поминам викендот во Американската вселенска агенција, во истражувачкиот центар "Глен", за што можам да кажам беше неверојатно искуство", ни открива Мартина.
Оваа млада девојка, е единствената во својата фамилија која има факултетска диплома, на што е особено горда. Наскоро ја очекува и трета диплома, како инженер по материјали и нанотехнологии при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Вели дека уште како многу мала го имала сонот да биде дел од НАСА и конечно, тој $ се остварил. "Вложив многу за мојот сон да стане реалност. Како најмлад ментор носам со себе и тежина, но и предност. Свесна сум дека треба да го понудам своето знаење, но и да ги прифатам предизвиците, особено од поискусните од мене", раскажува менторката од НАСА.
Мартина открива дека воопшто не било лесно да се влезе на Универзитетот по аеронаутичко инженерство "Кент Стејт", во Америка, заради конкуренцијата на студенти за која вели дека била исклучиво достојна за почит.



"Многу ми е мило што во финалето бев со толку компетентни млади луѓе од нашава земја од различни сектори кои имаа мноштво успеси и дела зад себе. Секако, низ сите интервјуа и тестови квалитетот секогаш зборува сам за себе и на крајот многу нешта што те издвојуваат и те прават комплетен, ти носат пресудна победа и пласман. Никој пат до успехот не е лесно да се стаса, но на крај тој пат знае да биде наградувачки, а тоа ме стреми да творам уште повеќе и да ги искачувам наредните скалила со повеќе решителност", открива Марина.
На прашањето што се учи на овој универзитет, таа вели: "Како што напоменав, јас изучував вселенски инженеринг на Државниот универзитет Кент. Условите за прием таму ти бараат не само просек од твојот факултет, туку и од средното образование (константен тек на просекот и докажувања) и се фокусираат на познавање на англиски и математика, критично размислување, решавање проблеми и способност да бидеш директно поставен во класот на математичка училница и да продолжиш со напредување низ аналитичка геометрија и анализа, како и калкулус без никаков проблем. Минимумот на САТ тестот треба да е 1.700 (сложен резултат). Мора да се има познавање на воздухопловен систем инженеринг технологија во рамките на аеронаутиката, познавање на физика и просекот што треба да се одржи таму е најмалку 9, односно оцена Б. Досега мојот ОПАЛ тест беше 100% А и сметам дека сум прилично компетитивна и амбициозна да го задржам и понатаму при сите предизвици", вели Мартина.
Таа додава и дека $ претставува огромна чест што била избрана на ваква високо конкурентна програма.



"Бев во САД да ги завршам своите студии на Државниот универзитет Кент , изучувајќи вселенски инженеринг што ги синхронизира моите претходни две дипломи: инженерство на материјали и нанотехнологии на Технолошко-металуршкиот факултет и академијата за мехатроника, роботика и ембедед системи при "Њуменс бизнис акселератор" што ме води чекор понапред до постигнување на моите планирани цели. Програмата Глобал УГРАД е спонзорирана од американскиот Стејт департмент, иницијатива што доделува стипендии за додипломски студии на студенти-лидери кои влијаат и го менуваат своето општество од над 55 земји", вели најмладата менторка во Американската вселенска агенција.
А.Георгиев


Текстот е прочитан 12625 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter