Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.02.2017, 19:58

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА СО ПРОГЛАС ЗА ЧЕТВРТИ ИЛИНДЕН

Заедничка Македонија против платформата од Тирана

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија објави проглас во кој се вели:

"Македонија има три Илиндени - 1903, 1944 и 1991 година. Дојде време да го обзнаниме четвртиот Илинден. Во сите три претходни, Македонците јасно и недвосмислено ја искажаа почитта кон сите оние што живеат под ова небо. Дојде ред и на нас да ја покажеме таа заемна почит. Ние, современиците на овој миг, имаме должност да ги споиме тие вредности од минатото за да се насочиме доблесно, сите заедно, кон иднината. Ниту еден патриот не е против националните права, култура и традиционални вредности на својот сограѓанин", изјавија од Иницијативата.
Тие нагласија дека Македонија е модерна граѓанска република. Македонците, Албанците, Србите, Ромите, Бошњаците, Турците, Власите и другите живеат во единствената матична држава на македонскиот народ, кој се уште во 21 век е соочен со негирање и дискриминација.
"Бараме ниту една политичка партија во Македонија да не ја потхранува и уважува дискриминаторската политика на одредени земји. Бараме ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет, чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме. Уставот на Република Македонија е јасен и прецизен во однос на многу прашања кои се однесуваат на македонскиот идентитет, и од него не отстапуваме. Бараме од сите наши политички партии да го почитуваат Уставот на Република Македонија и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и на суштината на нашата држава. Македонија е над сите интереси", беше изјавено на прес-конференцијата.


Текстот е прочитан 1817 пати.
#
„За заедничка Македонија“ пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
ЕК: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет, не од нас
Регионална конференција за Балканската бегалска рута
Пратениците се вратија во собраниските клупи
Потврда од Албанија: Платформата од Тирана е масло на Еди Рама
(КОЛУМНА)Латас: Порно
На нозе и Македонците во Швајцарија
И овој викенд, наместо протести музички хепенинзи
ЕУ нуди работа за молери и камионџии од Македонија
Преспа е совршен пример на победа за одржливиот развој

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter